Филм & ТВ

Како требаше да заврши „Game of Thrones“?

20. јуни 2019 - 13:35 | А.С.

Последната епизода на „Game of Thrones“ се емитуваше пред повеќе од еден месец, но за повеќето фанови уште е свежа болката од начинот на кој заврши популарната ТВ-серија на HBO што со жар ја следеа осум сезони.

Интернетот уште врие од теории за тоа како требаше да заврши епската сага, за тоа каде „погрешија“ авторите на серијата, дали крајот има подлабоко значење што повеќето луѓе не го сфатија...

Еден фан отиде до таму што направи целосна анализа и даде свој предлог за најдобро решение за крајот на „Game of Thrones“.

Дениел Виден на YouTube каналот Think Story објави видео во кое вели дека има искуство во областа на креативно пишување за филм и ТВ и дека веќе шест години работи како сценарист.

Неговата верзија досега ја имаат погледнато повеќе од 4,5 милиони луѓе од кои повеќето се согласуваат со неговата верзија за крајот на приказната што ги обзеде животите на милиони фанови ширум светот.

Коментирај