ПО КАЗНАТА НА УЕФА

Каков фер плеј: Манчестер Сити ангажира адвокат кој чини 23.000 евра на ден

Клубот Манчестер Сити го ангажира адвокатот кој двапати успешно го блокираше Брегзит и чии услуги чинат 23.000 евра на ден, за да ја оспори одлуката на УЕФА за двегодишно исфрлање од Европа за кршење на правилата на финансискиот фер плеј.

Дејвид Паник се смета за еден од најдобрите адвокати во Велика Британија, а клубот верува дека токму тој ќе помогне да се оспори одлуката на УЕФА, пишуваат британските медиуми.

Паник во два наврата ја застапуваше активистката Џина Милер во случаи поврзани со Брегзит. Во 2016 година успеа да ја спречи тогашната британска премиерка Тереза Меј да донесе одлука за излез на Велика Британија од ЕУ без согласност од Парламентот.

Сопствениците на Сити се надеваат дека Паник е човекот кој ќе може да ја сврти ситуацијата во нивна корист по казната од УЕФА, а според британските медиуми тоа ќе ги чини 23.000 долари дневно.

Манчестер Сити беше казнет со две години забрана за играње на натпреварувања на УЕФА поради кршење на финансискиот фер плеј, а „граѓаните“ ќе мора да платат и 30 милиони евра парична казна. Сити најави и дека ќе се жали кај Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана.

Од 2008 година, клубот е во сопственост на шеикот Мансур од Обединетите Арапски Емирати чие богатство се проценува на 30 милијарди долари, а од 2015 година 13,79% од клубот се во сопственост на City Football Group.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе