Маслиново масло, сончогледово масло, путер, па дури и свинска маст - ова се најпопуларните маснотии на Стариот континент.

Ако се направи карта на Европа според тоа која маснотија е најпопуларна во секоја држава, границите се многу очигледни.
Жителите на медитеранските земји Португалија, Шпанија, Италија, Сан Марино, Хрватска, Албанија, Грција и Кипар претпочитаат користење на маслиново масло.
Сончогледовото масло е најпопуларно во земјите од Југоисточна и Источна Европа: Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Турција, Молдавија, Украина, Белорусија, Латвија и Русија.
Од сите маснотии, најмногу држави користат путер и тоа Централна Европа (Германија, Швајцарија, Австрија, Чешка, Полска, Литванија, Естонија, Словачка, Словенија) и Западна Европа (Холандија, Белгија, Луксембург, Франција), Британските Острови (Ирска, Обединето Кралство) и Скандинавија (Норвешка, Шведска, Данска, Исланд, Финска).
Унгарија е единствената европска земја чиј народ претпочита свинска маст.

Мора да се има предвид дека ова е сепак генерална слика. На пример, во Франција употребата на путер е малку поголема од употребата на маслиновото масло кое доминира на островот Корзика и во регионот Окситанија, кој го опфаќа целиот јужен дел на земјата.
Ако мапата со најпопуларни маснотии се спореди со мапата на регионите во Европа, како да се поклопуваат:
