Каква мизерна година, пее Роби Вилијамс во новата песна „Can’t Stop Christmas“
Славниот пејач Роби Вилијамс објави нова песна во божиќен дух, во која пее во каква мизерна година живееме како и за времето во кое живееме, алудирајќи на состојбата со светската пандемија на COVID-19.
Текстот за „Can’t Stop Christmas“ зборува за проблемите во времето на пандемија, за тоа како овој Божиќ нема да биде ист како досега, поради коронавирусот.
„Ох, каква мизерна година, но среќа е да се биде жив денес. За жал, некои пријатели си заминаа. Вака не било никогаш порано, изгледа како да сме во војна“, пее Роби.
Продуценти на песната се Гај Чемберс и Ричард Флек, а истата се наоѓа на двојниот божиќен албум „The Christmas Present“, на кој гостуваат Брајан Адамс, Тајсон Фјури, Род Стујарт и други