Какви опасности им се закануваат на мотоциклистите кои се почетници?

Способноста за набљудување на околината, не е во природата на возач на мотоцикл, туку е вештина која се стекнува. При возење, додека го гледаме просторот, ги проценуваме сие случувања и автоматски носиме одредени одлуки.

Секој мотоциклист, додека вози, постојано мора да го набљудува просторот во правец на движење, потоа лево и десно од коловозот, а мора да ги следи и ретровизорите.

Колку што возачот е поискусен, тој поседува и толку поголема способност за правилно да ја проценува оддалеченоста, брзината на движење на другите возила, намерите на пешаците, животните, децата, како и на сите други учесници во сообраќајот.

Учи како да ги препознае и останатите сигнали од околината, за на тој начин полесно и во вистинско време да може да реагира, за да избегне евентуални опасни ситуации.

Затоа е важно младите возачи посебно да водат сметка при возењето и да ја прилагодат својата брзина, посебно кога се вози во населени места.

Брзина и видно поле

Со зголемување на брзината, аголот од кој ја набљудуваме околината се намалува, па без разлика на искуството, возачите своето внимание повеќе не можат да го посветат на случувањата покрај коловозот, бидејќи тоа едноставно повеќе не е во нивното видно поле. 

Благодарение на големата брзина, својот поглед го фокусираат само на патот пред себе, а од видното поле губат се поголем простор.

На овој начин се доведувате во опасност себеси, но и другите учесници во сообраќајот.

Концентрацијата мора да биде на највисоко ниво

Возењето мотоцикл посебно е атрактивно токму поради тоа што возачот станува активен елемент на самиот мотоцикл, па мотоциклистот речиси станува составен дел од машината и практично со движењето на своето тело управува со него. Значи, мотоциклот реагира директно според движењето на телото на возачот, командите и кормилото.

Мотоциклот не е подготвен за нагли, остри промени на правецот на движење, посебно не во остри кривини, што е многу важно во непредвидливи ситуации.

Затоа, возењето со мотоцикл бара голема концентрација и мислите едноставно мораат да бидат фокусирани само на возењето, бидејќи ако мислите на решавање на некои други проблеми, или пак едноставно сте отсутни од било која причина, се намалува способноста за брза и адекватна реакција во сообраќајот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе