Канада, САД, ЕУ и Обединетото Кралство најавија санкции за Русија

Канада ќе воведе санкции кон Русија

Канадските власти имаат намера да воведат санкции против Русија во врска со нејзината одлука да ги признае т.н. Народни републики Доњецк и Луганск, се наведува во изјавата на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

„Канада, заедно со своите партнери и сојузници, категорично ќе одговори на ова непочитување на меѓународното право. Ние се подготвуваме да воведеме економски санкции за овие дејствија, но одделно од оние што се подготвени како одговор на секоја понатамошна руска воена интервенција во Украина“, рече таа.

Џоли додаде дека и Канада остро го осудува потегот на Руската Федерација. – Ова е директно кршење на Договорите од Минск, Повелбата на ОН, како и сериозна закана за безбедноста и стабилноста на регионот, тврди таа.

Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека Канада нема да го поддржи признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР и ќе даде „одлучен и цврст одговор“ заедно со своите сојузници.

САД денеска објавуваат нови санкции против Русија

САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да ги признае самопрогласените републики во источна Украина и таму да испрати „мировници“, соопшти Белата куќа.

„Планираме да објавиме нови санкции против Русија во вторник како одговор на одлуките и активностите на Москва“, изјави портпарол на Белата куќа. Тој додаде дека САД се координираат со сојузниците и партнерите во врска со тој чекор.

Лондон денеска ќе објави санкции за Русија

Обединетото Кралство денеска ќе објави нови санкции против Русија, најави синоќа британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„Утре ќе објавиме нови санкции против Русија како одговор на нејзиното кршење на меѓународното право и нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објави Трас на Twitter.

ЕУ со најава за санкции против Русија

Државите од Европската Унија се согласија да воведат ограничен пакет санкции кон Русија откако Москва ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, изјави холандскиот премиер Марк Руте.

„Се договоривме да воведеме ограничен пакет санкции, што ќе бидат насочени кон одговорните за таа одлука“, изјави Руте во интервју за холандската телевизија. Додаде дека денеска се очекуваат детали за таа одлука.

Во заедничка писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин „да продолжи да ги признава“ регионите Доњецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“.

„Таквиот потег е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорот од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против оние кои се вклучени во овој незаконски чин“, најавија Фон дер Лајен и Мишел.

Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, се додава во заедничката изјава.

Јапонија би можела да се приклучи на западните санкции против Русија

Јапонија најверојатно ќе се приклучи на западните санкции против Русија, вклучително и забрана за извоз на електронски чипови и други високотехнолошки производи во земјата, доколку рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија врз Украина, пишува весникот Yomiuri.

Одлуката на третата светска економија да им се придружи на американскиот сојузник и другите членки на Г-7 во заканата од економски санкции, доаѓа откако Путин им нареди на своите војници да влезат во сепаратистичките региони во источна Украина кои Русија сега ги признава како независни држави.

Забраната за извоз на јапонска технологија во Русија би била поширока од онаа воведена во 2014 година по анексијата на украинскиот полуостров Крим, а Токио, исто така, размислува за воведување санкции врз руски банки, објави Yomiuri.

Јапонските власти сѐ уште не ја коментираа информацијата.

Јапонија во минатото зазеде помек став кон Русија отколку САД, а голем број јапонски лидери се обидоа да разговараат со Путин да ги врати во Јапонија северните острови окупирани по Втората светска војна. Јапонија е, исто така, главен купувач на руски гас.

Тагови
реклама

Мбапе потпиша за Реал Мадрид, познато е кој број ќе го носи

Read more

Што го покачува лошиот холестерол?

Read more

Неделен хороскоп од 3 до 9 јуни според руски астролог

Read more

Јаткасти плодови кои го стабилизираат шеќерот во крвта

Read more

Свет

Криза во ЕУ: Луѓето се сè постари и помалку на број

Read more

Индијците срушија светски рекорд: На изборите гласаа 642 милиони луѓе

Read more

Како во Финска драстично се намали бројот на абортуси кај тинејџерките?

Read more

Киев: Убивме најмногу руски војници за еден ден; Русите: Ние уште повеќе Украинци

Read more
 

Вести

Криза во ЕУ: Луѓето се сè постари и помалку на број

Читај повеќе

Индијците срушија светски рекорд: На изборите гласаа 642 милиони луѓе

Читај повеќе

Физичка пресметка меѓу вработени во затворот „Идризово“

Читај повеќе

Новиот газда на „Еуроникел“ нуди минимални плати, се заканува дека ќе увезе работници од Косово

Читај повеќе

По осум круга гласање, сè уште не е избран претседател на Уставен суд

Читај повеќе

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе

Зголемени капацитетите на енергија од ветер и сонце во ЕУ

Читај повеќе

Како во Финска драстично се намали бројот на абортуси кај тинејџерките?

Читај повеќе