НХЛ СТЕНЛИ КУП ФИНАЛЕ 2020/21

Канаѓаните полудеа: 12.000 долари карта за Стенли Куп финалето

Цената на влезниците за првиот натпревар од Стенли Куп финалето во Монтреал достигна неверојатни 12.281 канадски долари (9.965 американски долари), според ценовникот на најпопуларните сајтови за канадски билети.

Најпопуларната хокеј лига на светот влезе во финалната серија, а таму се пласираа актуелниот шампион Тампа Беј Лајтнинг, како и најтрофејниот клуб Монтреал Канејдиенс. Канаѓаните имаат дури 24 Стенли Купа, но не се радувале уште од 1993 година, па не е чудно што побарувачката за карти е огромна, а цените растат.

Во моментов, цената од 12.281 канадски долари е максималната цена на карта за еден од одделите во првиот ред на салата во Монтреал, понудена од платформата Ticketnetwork. Најевтините продадени карти се за третиот ринг и чинат 2.438 канадски долари (1.976 американски).

Според здравствените податоци на канадската провинција Квебек, каде се наоѓа градот Монтреал, на натпреварот во „Сентр Бел“ арената ќе може да присуствуваат само 3.500 гледачи, а капацитетот е 21.302. Управата на Монтреал Канејдиенс бара од властите да дозволат барем 10.500 гледачи да присуствуваат на големото финале.

Првите два натпревара од финалната серија од НХЛ, која се игра до четири победи, се играат во Тампа на Флорида. Популарните Лајтнинг го добија првиот натпревар со високи 5:1. Вториот натпревар во Тамта се игра вечерва после полноќ од 2 часот по македонско време, а пренос од финалето врши SportKlub.

Првата пресметка во Монтреал, за која се кршат копјата за карти, е закажана за 3 јули во 2 часот наутро по македонско време, односно 2 јули од 20 часот по локално време. 

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе