Кавани се извини за расистичкиот коментар на Instagram

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед напиша, па избриша коментар на својот Instagram профил кој на Островот се сфаќа како расистички.

Единсон Кавани се извини за својот коментар на Instagram напишан на шпански. Кавани напиша „Gracias negrito“, а спорен е вториот збор. Во Јужна Америка зборот негрито не е воопшто расистички, но во Англија се сфаќа токму како таков бидејчи е сличен со друг навредлив израз.

Коментарот беше на Instagram стори кое самиот Кавани во објави јавно, а во кој на пријател му се заблагодарува за честитките по победата со пресврт на гости кај Саутемптон во неделата вечер.

Негрито во Јужна Америка се употребува како прекар за луѓе со нешто потемна боја на кожата и воопшто не е навредлив термин, но ФА не смета така бидејќи е сличен со европското negro кој е навредлив термин. Шпанскиот збор дури и е демунитив.

„Последното нешто кое сакав да го направам беше да навредам некого. Јас сум тотално против расизмот и веднаш ја избришав пораката откако ми објаснија дека може да биде сфатена поинаку. Најискрено се извинувам“, се извини Уругваецот.

Објаснување стигна и од таборот на клубот: „Нам ни е јасно дека немаше никаква лоша намера од страна на Единсон и тој го избриша коментарот веднаш откако му беше укажано дека може да биде погрешно разбран. Тој се извини доколку предизвикал ненамерна навреда. Манчестер Јунајтед и сите наши играчи сме тотално посветени на борбата против расизмот“.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе