Ќерката на убиениот ирански генерал Касем Солејмани во интервју за Russia Today изјави дерка нема никаква разлика помеѓу стариот и новиот претседател на САД бидејќи двајцата имаат една иста агенда.
Зејнаб Солејмани е ќерка на генералот Касем Солејмани кој со голем успех се бореше против ИСИС во име на Иран. Но, во јануари врз него беше извршен атентат со дрон од страна на САД.
„Нема разлика помеѓу Бајден и Трамп, тие се иста личност. Тие ја следат истата агенда, нема никаква разлика помеѓу нив. Трамп нареди да се убие мојот татко, а Бајден го поддржа тоа. Така да нема никаква разлика“, вели таа во емисијата „Going Underground“ на Афшин Ратанси од RT.
Таа зборуваше и за атентатот на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризаде минатиот месец во Техеран.
„Тие го убија толку лесно и во неговата дрѓава и тоа пред очите на неговата сопруга. Како се осмелувата да доашате во нашата земја и да убивате луѓе на улиците!“, изјави таа иако сѐ уште не е разјаснето кој навистина стои зад нападот на научникот. Таа вината ја гледа во САД.