ФОРМУЛА 1 2023

Хаас подготви специјален изглед на болидите за домашната трка во САД

Ф1
Ф.З.
/ 17.10.2023 / 12:17

Хаас е единствениот американски тим во Формула 1, а во пресрет на трката на домашен терен подготви посебен изглед за своите два болида.

Станува збор за уникатна боја што ќе ги краси болидите на Хаас за време на претстојниот тркачки викенд во Остин, Тексас.

Досега сезонава Мекларен се издвојуваше со нови верзии, вклучувајќи Triple Crown за Монако и Шпанија, Chrome за Силверстоун и Stealth Mode за Сингапур, Ред Бул Рејсинг изгледаше поинаку за трката во Мајами, а се очекуваат уште две нови верзии за Остин и Лас Вегас.

Ферари и Алфа Ромео изгледаа поинаку од вообичаеното во Монца, како и Вилијамс со својата Gulf верзија во Сингапур, Јапонија и Катар.

Болидите на Хаас се украсени со големи ѕвезди и пруги, но дизајнерите се фокусираа на крилата, носот и лизгачките плочи на предното крило. Натписот „We The People“ произлегува од Уставот на САД.

Хаас подготви и специјални комбинезони за своите возачи Нико Хилкенберг и Кевин Магнусен.

Покрај новиот изглед, Хаас во Остин доаѓа со нов пакет подобрувања и се надева дека тоа ќе биде адут во битката за седмото место.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Ф1

Необична потрага во Абу Даби: Член на Мерцедес ангажирал нуркач за да го најде изгубениот прстен

Read more

Верстапен прекрши непишано правило, не ги честеше колегите вечера

Read more

Верстапен: Зад нас е неверојатна година, но секогаш сакаме да бидеме подобри

Read more

Верстапен победи и во Лас Вегас, Леклер во последниот круг го престигна Перес

Read more
 

Спорт

Лука Дончиќ стана татко, добро ја криеja бременоста на свршеницата

Читај повеќе

Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Читај повеќе
  • play_arrow

Циркус во Љубљана, со крпи се обидоа да го исушат теренот

Читај повеќе

Извлечени паровите за елиминациското коло од Купот на Македонија

Читај повеќе

Лазаров го објави поширокиот список за ЕУРО

Читај повеќе

Во Сан Марино бесни на ФИФА: Постигнавме 3 гола и нѐ турнавте на дното

Читај повеќе

Желбите за јадење по натпревар на играчите на Барса од 2014

Читај повеќе
  • play_arrow

И тоа е можно: Реал му забрани на свој фудбалер да зборува за Меси

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа во Јувентус

Читај повеќе