Хакерите имаат нова тактика за кражба на Facebook лозинки

Истражувачи од Trustwave предупредуваат на нов начин на компјутерска измама или фишинг кампања во која на жртвите им се испраќа имејл со линк до објава на Facebook.

Хакерскиот напад започнува со е-пошта испратена до потенцијалната жртва, со порака дека има прекршување на авторските права во една од нејзините објави на Facebook. Корисникот е предупреден дека неговиот Facebook профил ќе биде избришан во рок од 48 часа доколку не поднесе жалба.

Со цел напаѓачот да ги избегне безбедносните решенија за е-пошта и да стигне до потенцијални жртви, линкот во е-поштата не води до надворешна страница за фишинг, како што обично се случува при напади од овој тип, туку до Facebook.com или страница претставена како „Страница за поддршка“.

За работите да изгледаат поверодостојни, искористено е логото на Facebook и употребен е линк до надворешна фишинг страница наречена Meta, компанијата што е сопственик на Facebook.

Фишинг сајтот е направен да изгледа како вистинска страница за жалби за авторски права на Facebook, со формулар што жртвата треба да го пополни со информации како име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број и корисничко име на Facebook.

Исто така, страницата доаѓа до IP адресите на жртвите, но и за информации за геолокацијата, кои потоа ги ексфилтрира на Telegram профил, контролиран од хакерот.

Жртвата потоа се пренасочува на следната фишинг страница каде што се бара да внесе шестцифрена шифра (OTP). Што и да внесе жртвата, резултатот ќе биде порака за грешка. На жртвата ѝ преостанува да кликне на линкот на страницата за да избере друг метод за автентикација. Доколку го стори тоа, ќе биде пренасочена на страницата на Facebook.

Напаѓачите користат Google Analytics на фишинг страници за да ја следат ефективноста на нивната кампања.

Trustwave има откриено бројни Facebook профили со лажни објави кои се претставуваат како страници за поддршка, а кои всушност ги водат жртвите до страници за фишинг. Во објавите се користат скратени линкови до страниците за фишинг за да останат нападите скриени од Facebook, со цел да се спречи нивно отстранување од платформата.

реклама

Интернет

Најбогатата ѕвезда на OnlyFans со совет до девојките кои сакаат да отворат профили на платформата

Read more

Instagram има адут во трката со TikTok

Read more

Meta воведува тинејџерски профили за Facebook и Messenger

Read more

Каде завршуваат фотографиите што AI ги претвора во Ghibli илустрации?

Read more
 

Гик

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Читај повеќе

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Читај повеќе