Хамилтон бесен кон шефовите на Формула 1: Вратете им ги парите на навивачите

Ф1
Кајгана
/ 30.08.2021 / 10:06

Луис Хамилтон ги обвини шефовите на Формула 1 дека ги ставаат парите на прво место и ги повика да ги вратат на накиснатите навивачи кои присуствуваа на вчерашната трка за Големата награда на Белгија.

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон беше револтиран откако се извозеа само задолжителните два круга потребни да се прекине трката, откако гледачите речиси четири часа беа на дожд.

Немаше тркање, туку возачите беа придружувани од безбедносните возила осум минути. На Хамилтон на крај му беше доделено третото место, а победи неговиот ривал за титулата Макс Верстапен.

„Ова беше фарса и единствени кои изгубија беа навивачите кои платија огромни пари за да не гледаат како се тркаме. Нормално дека не можете да направите ништо во врска со времето, но имаме софистицирана опрема која може да ни каже што се случува и беше јасно дека времето нема да попушти. Не испратија од една и само една причина. Два круга позади безбедносниот автомобил нема смисла. Требаше да прекинеме и да им ги вратиме парите на навивачите кои се срцето на спортот”, кажа Хамилтон.

На трибините присуствуваа 75.000 гледачи, кои за ова платија од 124 до 589 евра. Многумина си заминаа и пред трката која започна повеќе од три часа по предвидениот почеток.

реклама

Ф1

Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Верстапен

Read more

На Алонсо му падна воланот сред возење

Read more

Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Read more

Верстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Читај повеќе
  • play_arrow

Заради ова гледаме фудбал!

Читај повеќе

Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Германска водителка виновна за наводниот развод на Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Читај повеќе