Хаос во Twitter: Илон Маск масовно отпушташе, сега итно вработува персонал

Одлуката за масовно отпуштање работници не помина без проблеми, бидејќи Илон Маск сега бара од вработените да препорачаат нови луѓе.

Кога Илон Маск го презеде Twitter на крајот на октомври, неговиот прв потег беше да ги отпушти речиси сите луѓе на раководни позиции во компанијата. Најбогатиот човек во светот не застана тука, туку во наредниот период успеа да отпушти дури половина од работниците, а потоа уште неколку стотици кои не ја делеле неговата „хардкор“ визија за платформата.

Поточно, Twitter за помалку од еден месец успеа да падне од 7.500 вработени на 2.700. Ваквиот исход не беше без последици, па платформата многу брзо мораше да се откаже од претплатата за Twitter Blue откако корисниците имитираа познати личности и компании. Тоа резултираше и со нефункционалност на системот за заштита на корисничките права, па моментално на оваа социјална мрежа може да се најдат твитови во кои некои корисници во целост објавуваат холивудски филмови. Сепак, со цел да се врати целосната функционалност на платформата, Маск сега е подготвен повторно да вработи нови работници.

По вчерашната средба со вработените, Маск рече дека компанијата завршила со отпуштања и сега активно бара нови инженери и маркетинг работници, охрабрувајќи ги да дадат свои препораки. Новиот сопственик не ги специфицирал видовите на инженерски или маркетинг улоги што ги бара, а компанијата моментално нема отворени позиции наведени на својата веб-страница.

„Во однос на критичните вработувања, би рекол дека луѓето кои се одлични во пишувањето софтвер се најголем приоритет“, рекол Маск за време на состанокот.

„За да бидеме дигитален јавен простор, треба да претставуваме луѓе со широк спектар на мислења, дури и ако не се согласуваме со тие ставови“, им рекол тој на вработените. Маск призна дека неговата тековна реорганизација „ќе има многу грешки“, но дека ќе се „стабилизира со текот на времето“.

Маск го истакна зголеменото користење на платформата Twitter во Јапонија како нешто кон кое компанијата треба да се стреми - „идеално во секоја земја без исклучок“. Сопственикот на компанијата истакна дека Јапонија има приближно ист број дневни корисници како и САД, и покрај фактот што Јапонија има една третина од населението во САД.

Нема сомнеж дека на платформата ѝ претстои многу турбулентен период, но се чини дека Илон Маск има план за иднината. Останува да видиме дали ќе успее во намерата и покрај тоа што многумина веруваат дека ова е почеток на крајот на Twitter и покрај тоа што веќе има големи проблеми со компанијата Tesla која повлекува свои возила третпат овојмесец.

Тагови
реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Бизнис

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски

Read more

BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат партнерството на три пазари во ЕУ

Read more

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Read more

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Read more

Вести

Kyiv Independent: Да ги кажеме работите со вистинското име, Трамп ѝ помага на Русија да победи

Читај повеќе

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така, масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе