Tesla третпат во еден месец повлекува возила

По проблемите со серво воланот и неправилното активирање на воздушните перничиња, Tesla во ноември по трет пат повлекува возила, овојпат поради случајно вклучување на задните светла.

Софтверска грешка поттикна уште едно безбедносно повлекување за Tesla во ноември. Со ова повлекување се погодени возилата од линиите Model 3 и Model Y и кај овие автомобили може да се јави случајно активирање на задните светла поради аномалија на фирмверот. Објавата следеше по две претходни повлекувања овој месец, кои се однесуваа на возилата Model S и Model X од американскиот производител.

Извештајот за повлекување е издаден од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД за електричните возила 2023 Model 3 и 2020-2023 Model Y. Во извештајот се наведува дека кај засегнатите возила може да дојде до случајно активирање на задните светла на едната или двете страни на возило, што резултира со потенцијално зголемен ризик од судир.

Случајното активирање е резултат на аномалија на фирмверот што предизвикува лажно детектирање на грешки за време на секвенцата на стартување на возилото. Врз основа на описот на дефектот во извештајот, овие лажни детектирања влијаат на задните светла, но не и на стоп светлата или трепкачите.

Повлекувањето опфаќа 321.628 возила кои се идентификувани со користење на специфични податоци за производство, конфигурација и фирмвер. Верзиите на фирмверот од 2022.28 до 2022.40.4 се идентификувани како причина за аномалијата. Последната верзија, 2022.40.4.1, се чини дека не е засегната и е исклучена од акцијата за повлекување.

Иако повлекувањата не се невообичаени, оваа вест означува уште еден проблем во веќе напорниот месец на повлекувања за компанијата Tesla, која веќе мораше да повлече возила во ноември поради дефект на серво воланот при возење по нерамни патишта, како и неправилното распоредување на воздушните перничиња за време на несреќи при мала брзина. Поради овие проблеми акциите на компанијата паднаа на најниска вредност во последните две години.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Авто новости

Новинарките го избраа најдобриот голем SUV

Read more

Volvo направи електричен SUV со кој ќе можете да разговарате

Read more

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Read more

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Read more
 

Автомобили

Новинарките го избраа најдобриот голем SUV

Читај повеќе

Volvo направи електричен SUV со кој ќе можете да разговарате

Читај повеќе

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Читај повеќе
  • play_arrow

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Читај повеќе

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Читај повеќе
  • filter

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Читај повеќе

Mercedes бележи голем пад на продажбата

Читај повеќе

Колку гориво навистина заштедува системот старт-стоп?

Читај повеќе

Кои беа најпродаваните автомобили во Германија во 2025 година?

Читај повеќе