Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл потпишаа неколкугодишен продуцентски договор со Netflix откако основаа своја продукциска куќа.
Станува збор за еден од првите заеднички проекти откако се повлекоа од сите кралски должности во Велика Британија во јануари и се преселија во Калифорнија.
Според Forbes, Netflix ќе им плаќа на војводата и војвотката од Сасекс да продуцираат филмови и серии, а содржините ќе опфатат документарни и детски програми, снимени преку нивната продукциска куќа која уште нема име.
„Нашиот фокус ќе биде на создавање содржини кои се информативни, но исто така пружаат надеж. За нас, кои неодамна станавме родители, создавањето инспиративни семејни содржини е многу важно. Соработката со Netflix, платформа што има 193 милиони претплатници ширум светот, ни дава голема можност да ги споделиме нашите содрини со поширока публика“, стои во заедничката изјава на Хари и Меган.
Иако Меган беше актерка пред да се омажи во британското кралско семејство, двојката соопшти дека таа нема намера да се врати пред камерите.
Хари и Меган веќе работат на анимирана серија со која сакаат да ги инспирираат и мотивираат жените, а потпишувањето на договорот со Netflix - за кој се шпекулира дека тежи 112 милиони фунти - следи еден месец по појавувањео на Хари во документарецот на Netflix насловен „Rising Phoenix“ за параолимписките игри.