Хари Кејн до Тотенхем: Ова не е збогум

Хари Кејн и официјално беше претставен како нов играч на Баерн Минхен.

Тотенхем се согласи да го продаде во трансфер за кој ќе добие фиксна сума од 100 милиони евра, а со бонуси таа сума може да се искачи на 115 милиони. Кејн заминува како најдобар стрелец во историјата на клубот, откако постигна 280 гола на 435 натпревари за Тотенхем, клубот во кој ја помина целата своја кариера. Тој на социјалните мрежи објави проштална порака.

„Многу сум среќен што сум дел од Баерн. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и секогаш сум велел дека сакам да се докажам на највисоко ниво. Баерн се карактеризира со својата победничка култура - се чувствувам многу добро што сум тука“, рече Кејн за време на претставувањето.

URL

„Добре дојдовте во Минхен, Хари! Ние сме многу среќни за ова врвно засилување. Трансферот бараше упорност, решителност и истрајност - голема чест за сите вклучени во овие преговори во Баерн, предводени од нашиот извршен директор Јан-Кристијан Дрисен. Хари Кејн не само што го засили Баерн, но ќе биде добар и за целата Бундеслига“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Кејн ја помина целата своја кариера во Тотенхем (со неколку позајмици) и постигна рекордни 280 голови за клубот на 435 натпревари. И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј, а тоа сака да го промени со трансфер во Баерн. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Ова е и најскапото купување во историјата на Баерн и Бундеслигата. Претходниот рекорд го држеше Лукас Ернандес (27), кого Баерн го купи за 80 милиони евра од Атлетико Мадрид пред четири години. Баерн летово го продаде францускиот дефанзивец на ПСЖ за 45 милиони евра.

Кејн: Чувствував дека е време да заминам

Кејн објави и видео во кое се збогува од Тотенхем.

„Поздрав до сите. Сакав да бидам првиот што ќе ви кажам, навивачите на Тотенхем, дека денес го напуштам клубот. Јасно е дека многу емоции минуваат низ мене. Тажен сум затоа што го напуштам клубот во кој го поминав речиси 20 години од мојот живот - од 11-годишно момче до 30-годишен маж.

Имаше толку многу убави моменти, посебни спомени кои ќе ги паметам засекогаш. Благодарност до сите мои соиграчи низ годините, тренерите, сите вработени во клубот. Имам изградено посебни врски со многу луѓе. Најголемата благодарност до вас, навивачите на Тотенхем. Од првиот момент кога играв за Тотенхем бев еден од вас, дадов се од себе за да бидете горди и да ви дадам што повеќе посебни моменти и спомени кои се надевам дека ќе траат вечно.

Чувствував дека ова е време да заминам, не сакав да влегувам во сезоната со многу нерешени прашања за иднината. Важно е новиот тренер и играчите да се концентрираат на враќање на Тотенхем на врвот на табелата и во борба за трофеи. На Анже и на момците им посакувам многу среќа во тоа. Ќе ги гледам како фан.

Ова е порака до сите навивачи на Тотенхем ширум светот кои ме поддржуваа. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме тоа. Среќно, Тотенхем. Ова не е ‘збогум’ затоа што никогаш не знаеш како ќе се одвиваат работите во иднина, но ова е ‘благодарам’ и ќе се видиме наскоро“, рече Кејн.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе