Херои на дело: Човечки синџир за спас на маж во разбеснато море
Очевидци го снимија моментот кога луѓе на плажа во Дардл Дор во Дорсет направија човечки синџир за да извлечат маж од разбеснетото море.
Инцидентот се случил на 20 август, кога одеднаш почнале да се креваат високи и силни бранови. Човекот почнал да мавта од водата и да вика за помош, а луѓето веднаш реагирале во исклучителен пример на хуманост и спонтана организираност.