БУНДЕСЛИГА 2022/2023

Херта има проблем со лиценцата, ќе биде префрлена во четврта лига

Позицијата на Херта на табелата во Бундеслигата не е најголемиот проблем за челниците на клубот. Клубот од Берлин се бори за опстанок, но и доколку го изборат што изгледа малку веројатно, се соочуваат со уште поголем проблем - од финансиска природа.

Според германските медиуми, проблем е лиценцата за следната сезона, па лесно може да се случи да бидат префрлени во четвртата лига од германската фудбалска пирамида.

Од клубот уверуваат дека нивниот нов спонзор, американската компанија 777 Partners, треба да ги реши сите финансиски проблеми.

„Ние сме во постојан контакт со германската фудбалска лига во врска со процесот на лиценца и партнерството со нашиот инвеститор 777 Partners. Мора да се разговара и да се разјаснат двете теми и да се исполнат сите законски барања, особено правилото 50+1. Нема да коментираме повеќе за ситуацијата околу процесот и шпекулациите што се појавија во медиумите“, соопштија од берлинскиот клуб.

Извори блиски до Лигата за германските медиуми изјавиле дека „процесот е многу критичен“ и дека тоа е „најлошиот случај што некогаш го имале“ кога станува збор за лиценцирањето.

Главното прашање е дали партнерството на Херта со американската компанија го прекршува правилото 50+1 кое го регулира влијанието на финансиерите во германскиот професионален фудбал.

Клубот е во голем проблем бидејќи без 100 милиони евра, колку што е финансиската инјекција на 777 Partners, нема да може да обезбеди лиценца за следната сезона.

777 Partners има малцински акции во Севиља и Мелбурн Виктори, а е сопственик на ББЛ (Британската кошаркарска лига) и на тимот Лондон Лајонс. Сопственик е и на нискобуџетните авиокомпании Flair Airlines во Канада и Bonza во Австралија.

На три кола до крајот тимот од Берлин е последен во Бундеслигата со 25 бодови, три помалку од Бохум и Штутгарт кои се израмнети на местото кое води во баражот, и 5 помалку од Шалке 04 кој е на последното место кое гарантира опстанок.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе