Компанијата Hermeus, која порано соработуваше со американската вселенска агенција НАСА и Американските воздухопловни сили, со помош на компанијата Velo3D, специјализирана за 3D принтање, ќе прозиведува делови за своите хиперсонични авиони.

Hermeus набавил Sapphire и големи Sapphire XC принтери од компанијата Velo3D, кои ќе ги користи во производството на авионите Chimera и Quarterhorse. Овие авиони ќе можат да летаат со брзина од 5 маха, а Hermeus планира да ги направи комерцијално достапни за летови и аеродроми. Споменатите принтери се дизајнирани за производство со голем волумен. Исто така, принтерите ќе се прилагодат и за користење на Inconel 718.
„Производтсвото на адитиви за метал е клучна компонента во нашиот план за вертикална ингреација на производството. Ги истражуваме можностите на оваа технологија и бараме начини за зголемување на перформансите, консолидација на компонентите, намалување на тежината на нашите авиони и минимизирање на надворешната зависност“, вели Глен Кејс, еден од директорите на компанијата Hermeus.
Развојот на хиперсоничниот авион носи бројни предизвици за авиоиндустријата. Директорот на компанијата Velo3D, Бени Бјулер, рече дека иако брзината, температурата и вибрациите кои ќе ги создава авионот на Hermeus ќе бидат различни од стандардните авиони, Sapphire и Sapphire XC принтерите нема да го изневерат производителот.
Velo3D е компанијата која се бави со технологија на метално 3D принтање. Нејзините решенија им користат на клиенти кои се занимаваат со вселенски истражувања, авијација, собирање енергија, и кои ги користат за иновации во своите индустрии. Исто така, овие решенија овозможуваат слобода при дизајнирањето.
Што се однесува на компанијата Hermeus, основана е со цел драматично забрзување на патувањата. Оваа компанија развива авион кој може да достигне брзина од 5 маха, а при тоа користи знаење стекнато за време на соработката со различни партнери. Патниците благодарение на хиперсоничните авиони ќе можат да го прелетаат Атлантикот за само 90 минути, благодарение на брзината од 5 маха, а тоа е двојно побрзо во однос на авионите Concorde.