Холанд: Се инспирирав од хет-трикот на Мбапе

Младиот Норвежанец синоќа постигна два гола во мрежата на Севиља и вели дека инспирација за неговиот настап му послужил завчерашниот хет-трик на Килјан Мбапе.

Ерлинг Браут Холанд вчера постигна два гола и тоа во 27. и 43. минута со кои Борусија поведе со 1:3 и практично ја осигура победата бидејќи во вториот дел Севиља успеа само да дојде до 2:3.

Вели дека Французинот Килјан Мбапе со неговиот хет-трик против Барселона на „Камп Ноу“ му послужил како инспирација за и тој да дава голови на шпанско тло.

„Го гледав натпреварот на Мбапе и тој постигна навистина убави голови кои ме поттикнаа и мене. Беше навистина убаво“, рече Холанд говорејќи за CBS Sports.

„Имавме добар план за игра. Тренерот Един ми рече дека ќе биде мој ден и дека ќе добијам шанси за гол, што и се случи. Ова е важна победа“, додава тој.

Неговата Борусија изгледаше моќно синоќа на „Санчес Писхуан“ за разлика од натпреварите во Бундеслигата каде се мачи иако Холанд со 15 голови моментално е трет стрелец.

„И јас ја чуствувам таа разлика, Не знам што е работата, но можеби во прашање е мотивација или страст или нешто трето. Како и да е, бевме одлични сега, беше задоволувачки“.

Пред реваншот тимот од Дортмунд има убава предност бидејќи има победа и три гола постигнати на гости, па на Севиља ќе ѝ биде страшно тешко да победи со два разлика на гости.

„Не е добро тоа што примивме два гола, но сепак добро е што постигнавме три на гостински терен“, завршува Норвежанецот.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе