Kia ги покажа првите фотографии од целосно новиот Sportage.
Нивниот популарен SUV доаѓа со оригинален дизајн и екстериер, а со новата технологија ќе го продолжат успехот на претходните генерации.
На првите фотографии е претставена верзијата за САД и за остатокот од светот, додека верзија за Европа ќе биде малку пократка.
Особено се истакнува предниот дел на автомобилот со црната графика на маската. За првпат е достапна и двобојна каросерија за Sportage.
Новиот модел ќе се продава на глобалниот пазар, а во следните неколку месеци ќе бидат објавени и информации за погонот и моторите.