Кина објави дека ја прекинува соработката со САД во повеќе области

МИА/Кајгана
/ 05.08.2022 / 14:04

Кина денеска соопшти дека ќе ја прекине соработката со САД во бројни области, од климатски промени до воени односи и напори за сузбивање на криумчарење дрога, како одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, пренесе Бета.

Како што е наведено, Кина ќе ја прекине соработката во дијалогот меѓу високопозиционираните воени команданти, разговорите за климатските промени, како и во областите на прекуграничниот криминал и репатријацијата на илегални мигранти.

Мерките објавени денеска се најнови во низата потези со намера да се казни Вашингтон бидејќи дозволи посета на високо американско официјално лице на Тајван, што Кина го смета за своја територија што може да ја припои насила, доколку тоа биде потребно.

Кина ќе ги „прекине кинеско-американските преговори за климатски промени“ и ќе ги откаже разговорите меѓу воените водачи, како и два состанока за безбедноста, наведува кинеското Министерство за надворешни работи, укажувајќи на тоа дека Пелоси го игнорирала кинеското силно противење на нејзината посета на Тајван.

Претходно денеска, Кина најави воведување санкции против Пелоси и членови од нејзиното семејство.

Кина вчера започна големи воени вежби во шест зони околу брегот на Тајван. Во ракетни проби, ракети се истрелани и над Тајван, изјавија воени службеници за државни медиуми.

Кина се противи на тоа, островот што има самоуправа да има контакти со странски влади.

Тагови
реклама

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Кој победи во дебатата Трамп-Харис?

Read more

Свет

Објавени транскрипти од авион киднапиран на 11 септември 2001 година

Read more

Зеленски: Имам план за победа, тоа ќе ја принуди Русија да ја прекине војната

Read more

Бил Гејтс предупредува дека светот се соочува со две опции: Голема војна или нова пандемија за помалку од 30 години

Read more

Франција откри: Спречивме 3 напади на Олимписките и Параолимписките игри

Read more
 

Вести

Објавени транскрипти од авион киднапиран на 11 септември 2001 година

Читај повеќе

Зеленски: Имам план за победа, тоа ќе ја принуди Русија да ја прекине војната

Читај повеќе

Бил Гејтс предупредува дека светот се соочува со две опции: Голема војна или нова пандемија за помалку од 30 години

Читај повеќе

Франција откри: Спречивме 3 напади на Олимписките и Параолимписките игри

Читај повеќе

Изложба Македонија во светот на хералдиката во КИЦ - Битола

Читај повеќе

МВР за скандалот со Гаши и свадбарите на Блаце: Покрената е дисциплинска постапка за 6 полицајци

Читај повеќе

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Читај повеќе

Филипче: Струмица станува првата општина во регионот со електричен и еколошки јавен превоз

Читај повеќе

Јаневска има решение за вишокот наставници по спојувањето паралелки

Читај повеќе