Кина со помош на 3D принтер изгради зграда висока 7,2 метри
Во градот Хејуан, на југот на кинеската провинција Гуангдонг е испринтана една од најголемите деловни згради во светот, во 3D.
Станува збор за зграда висока 7,2 метри која се простира на 230 метри квадратни. На 3D принтерот му биле потребни само 60 часа да го заврши овој комплексен проект.
Со помош на овие принтери времето за изградба во просек е намалено од два месеци на околу 5 дена, а трошоците се намалени за околу 40 проценти. Проценетиот век на траење на овие згради е до 5 децении.