Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на Цементарница

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“.

„Денес на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух. Ова претставува реализација на уште едно ветување од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кое се реализира по прифаќање на предлогот на советниците од Советот на Општина Кисела Вода. Она што преостанува е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни Министерства, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, велат од општина Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека се реализира уште едно големо ветување кое го дал пред граѓаните и е запишано во неговата програма.

„Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, посебно во близина на идустриски капацитет, е неопходност во борбата против загадувањето. По предлог на советниците од Советот на Општина Кисела Вода ја набавуваме мерната станица која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката “Цементарница Усје”, но она што сега не смее да изостане е ангажманот на Градот Скоје и централната власт која има ингеренции во оваа област. Се надевам дека тие ќе ја вршат својата работа и дека инспекциите, кои за тоа се овластени, во наредниот период ќе има неселективна контрола на индустриските капацитети. Борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, мора да биде бескомпромисна-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе