УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Клоп: 54 години чекав да дојдам во Милано, сега двапати за три месеци

Предводникот на Ливерпул е возбуден што за противник го доби шампионот на Италија, а воедно и смета дека одлуката на УЕФА за повторување на жрепката е правилна.

Ливерпул на првата жрепка за противник го доби австриски Салцбург, а потоа на повторената налета на Интер. Иако сега жрепката не му е поволна, Јирген Клоп сепак не е разочаран, туку е возбуден што ќе игра против „Нераѕурите“.

„Морав да чекам 54 години за прв пат да дојдам на 'Меаца'... а сега ќе биде двапати за три месеци, така да тоа е добра вест! Се разбира, жрепката е тешка, дефинитивно“, вели тој за клупската веб-страница.

Ливерпул во групата беше заедно со Милан кого го совлада со 2:1 во последното коло среде Милано. Сега ќе играат против другиот милански клуб.

„Тие се лидери во Италија; добар тим во добар момент. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите до нашата средба во февруари“.

„Санчес и Џеко ги познаваме добро, но Лаутаро е веројатно еден од највозбудливите напаѓачи во светот. Симоне Инѕаги е таму, негова прва сезона, лани беа шампиони, но тоа е патот на Ливерпул - никогаш не е тешок, но секогаш возможен. Така да - ајде да се обидеме“, додава.

„Ова е вистински дуел од Лигата на шампионите, така да сѐ е во ред и едвај чекам да дојдат натпреварите“.

Иако во првата жрепка го доби Салцбург, против кого Ливерпул важеше за голем фаворит, сепак Клоп смета дека одлуката на УЕФА за поништување на таа жрепка е правилна.

„Дефинитивно. Ја гледав жрепката во живо и си помислив 'Не смее да остават вака, нема шанси'. Дефинитивно мораше да се повтори“.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе