Клоп: Барселона нека внимава, и Меси има откупна клаузула

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милионa евра треба да биде предупредувачки за Барселона бидејќи откупната клаузула на Лео Меси е 300 милиони евра.

„Едноставно е, досега такво нешто изгледаше невозможно, но сега кога ќе ја видите листата со клаузули, ќе видите ‘Лео Меси – 300 милиони’ и тоа делува многу пореално отколку што беше пред еден месец. Тоа порано беше нестварна бројка, ја истресле од ракав, во стилот: ‘Кој би платил 300 милиони’, а сега бевме сведоци дека такво нешто се случи“, рекол германскиот тренер.

Трансферот на Нејмар крена голема прашина, а Барселона и Ла Лига се заканија дека ќе го тужат ПСЖ поради кршење на правилата од финансискиот ферплеј и веќе надлежните во УЕФА започнале да размислуваат за нови регулативи за трансферите.

„Наједноставно решение би било правилото – во кој правец да се движиме и кога сето ова би требало да престане. Најголемите клубови тоа може да го решат, да решат каде би била границата – 150 милиони или 550 милиони, тогаш никој нема да се жали“, дополнил Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, чиј клуб утре во Вотфорд ја започнува новата сезона во Премиерлигата. 

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе