Клуб од Дрезден продаде 72.112 карти за натпревар без публика

Не, не се работи за измама, туку за навивачка љубов. Навивачите на германскиот третолигаш Динамо од Дрезден на тој начин сакаа финансиски да му помогнат на својот миленик.

Точно 72.112 карти продаде Динамо за натпреварот од ДФБ Купот кој се одигра во вторникот против Дармштад, а на кој поради мерки за заштита од ширење на коронавирусот беше забранет влез на публика.

Идејата беше на самиот клуб кој пушти карти во онлајн-продажба по цена од 5 евра, а не стави ограничување колку може да се продадат со оглед на тоа што публика секако немаше да има, па нема ни штета од повеќе продадени карти од капацитетот на стадионот „Рудолф Харбиг“.

Изненадувачки, продадени беа дупло повеќе карти отколку што е капацитетот на стадионот кој е 32.085 гледачи. Финансиската помош добро ќе му дојде на клубот бидејќи сите герамански клубови вон Бундеслигата се финансиски погодени од пандемијата бидејќи повеќе немаат проходи од влезници. Во Германија дури и во пониските лиги посетата секогаш била значителна.

URL

Инаку, Динамо загуби со 3:0 од второлигашот Дармштад и е елиминиран од купот. Сезонава целта на Динаме е враќање во 2.Бундеслига од каде испадна лани, а по 17. кола е на лидерската позиција во 3.Бундеслига.

Клубот е осумкратен шампион на поранешна Источна Германија како и седумкратен освојувач на Купот. По обединувањето на Германија нема значителен успех, освен освојувањето на Германскиот куп во 1990 кој всушност беше еден вид на суперкуп натпревар помеѓу шампионите на Источна и Западна Геарманија и тоа како прослава на обединувањето. Тогаш Дрезден со 1:0 го победи Баерн.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе