Училиште за миленици - и тоа го има во Кина. Таму кучињата не само што тренираат скокање со јаже, туку и учат математика.
Од март годинава во градот Суџоу во Источна Кина постои училиште за домашни миленици. Таму кучињата на часовите учат математика, кинески јазик и физичко.
Директорот на училиштето, Чу Јонмин, вели дека наставата зависи од карактерот на секое куче. Така, кучето по име Сјаобао е повеќе склоно кон математика. Тоа лае седум пати кога на таблата ќе ја види задачата „3 + 4 = “.