Кога е премногу доцна за бременост?

Денеска ќе прочитате сѐ и сешто во врска со бременоста, од наслови што тврдат дека јајниците се „претвораат во прав“ по 30-та година од животот, а други покажуваат како може да се стане мајка дури и на 50-годишна возраст.

Кога е премногу доцна? Одговорот е комплициран.

Плодност

Способноста на жената да остане бремена опаѓа уште на 27-годишна возраст, а наглиот пад се бележи до 37-та година од животот. Ако двојката е здрава, постои 95 проценти шанса до 30-та година од животот за 95% можност да има бебе. После тоа, шансите се намалуваат за 3 проценти секоја година. По 40 паѓаат на 5-10 проценти, само 5 години после тоа вашите шанси паѓаат на само 5 проценти.

Забележете дека ова е општа статистика и дека секогаш постојат исклучоци. Постојат и жени кои се борат со неплодност на 25 години, додека има и такви кои без проблем остануваат бремени на 45 години.

Ризик

Како што старее жената, така расте и ризикот од спонтан абортус и други компликации. За жени помлади од 30 години, шансата за абортус е 15-20 проценти, додека за жени над 40 години, таа се зголемува на 50 проценти! Дауновиот синдром, како и другите хромозомски абнормалности, е нешто што се поврзува со возраста на мајката, а како што старее мајката, така расте и ризикот. Кога жената ќе наполни 35 години, ризикот е 1/350, но на 45-годишна возраст, тоа е 1/35.

Повеќето луѓе ќе заклучат дека нивното завидно добро здравје е одлична алатка во борбата против стареењето. За жал, тоа не е важно за јајниците - без разлика дали сте вегани или трчате маратони.

Секоја жена е родена со одреден број на јајце-клетки, а нивниот број и квалитет се намалуваат како што старееме.

Дијабетес, дебелина, крвен притисок може да влијае на зачнувањето и текот на бременоста на негативен начин, затоа е добро да се остане здрав, но исхраната и активноста не влијаат на репродуктивниот систем.

Можеби сега ќе се прашувате ако бројките се вакви, како тогаш толку често гледаме дека некоја позната жена во нејзините 50-тите родила близнаци? Иако бројките изгледаат ниски, има голем број на оние кои остануваат бремени во 40-тите години и имаат сосема нормална бременост. Покрај тоа, мора да се знае дека има многу кои бараат медицинска помош, вештачко оплодување.

Д-р Кристофер Монтвил објаснува: „Идеално, парот треба да започне да планира бременост на возраст од 37 години, бидејќи тоа ќе ги зголеми шансите за здрава бременост“, додавајќи дека ако сте близу до тие години, а „вистинскиот“ сè уште не е на повидок - замрзнете ги јајце-клетките за да ги зголемите шансите за подоцнежна бременост.

Ако планирате бременост, сигурно знаете дека нема вистинско време, но ако мајчинството ви е многу важно, навреме размислете за проширување на семејството.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе