Кои промени може да ги очекувате ако престанете да пиете алкохол?

Ако размислувате да престанете да пиете алкохол, можеби се прашувате какви несакани ефекти може да доживеете.

Ова го интересираше и јутјуберот Леон Силвестер, кој одлучи да го спроведе експериментот. Се откажал од алкохолот и забележал осум работи, некои добри, а некои лоши.

Симптоми на „откажување“

„Ако се чувствувате како да се откажувате од дрога, тоа значи дека сте на добар пат“, вели Леон, додавајќи дека луѓето кои развиле зависност од алкохол можеби ќе треба да побараат медицинска помош за да ја решат оваа навика.

Поздрава кожа

Пиењето алкохол предизвикува црвенило на кожата, а тоа ќе исчезне кога ќе престанете да пиете. Леон објаснува дека алкохолот ја дехидрира кожата.

„Кога ќе престанете да пиете алкохол, ќе пиете многу повеќе вода и вашата кожа ќе се регенерира и ќе добие здрав сјај, а брчките и знаците на замор ќе исчезнат“, додава тој.

Копнеж

Алкохолот предизвикува зависност, па ако го конзумирате долго време, може да се доведете во состојба да копнеете по него.

„Можеби во некои ситуации ќе се чувствувате како да пропуштате нешто ако не пиете. На пример, за време на ноќно излегување. Важно е да се знае дека тоа е нормално“, рече тој.

Притисок од друштвото

Можно е пријателите да ве убедуваат да наздравите, но мора да научите да одбиете.

„Поголемиот дел од времето, ако вашето друштво е нормално, тие ќе сфатат“, смета Леон.

Подобар сон

„Иако може побрзо да заспиете со алкохол, квалитетот на сонот е многу полош. Кога ќе престанете да пиете, можеби е потешко да заспиете, но следното утро ќе се чувствувате многу поодморени“, вели тој.

Желба за благо

Консумирањето алкохол, кофеин или шеќер доведува до ослободување на допамин или серотонин. Кога ќе престанете да ги консумирате овие работи, како што е алкохолот, вашето тело ќе копнее за благо.

„Не бидете строги кон себе. Се опоравувате и ќе му треба време на телото да се навикне“, заклучува тој.

Ментална јасност

Без алкохол ќе размислувате многу појасно и полесно ќе донесувате одлуки, сфатил Леон.

Страв од пропуштање

„Искрено, ќе ви треба малку време за да го промените односот со алкохолот“, тврди Леон. Тој додава дека ќе биде потребно време за да научите да се дружите со луѓе без капка алкохол, но наскоро ќе сфатите дека таквите врски се поискрени и посилни.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе