Кои промени се случуваат во нашето тело по година дена работа од дома?

Помина една година од пандемијата на COVID-19, а многу компании практикуваат работа од дома, доколку има услови за тоа. Работата од дома можеби звучи привлечно, но кога од креветот сакате да направите канцеларија тоа и не е баш здраво на психички и физички план.

За многу луѓе работата од дома е еквивалент на работа од кревет. Наместо станување од креветот, облекување и заминување на работното место, доволно е да одиме во бањата, да се измиеме, да свариме кафе, да го земеме лаптоп компјутерот и да си се вратиме во креветот.

Според новите анкети, изненадувачки е голем бројот на млади луѓе кои во текот на пандемијата работата ја вршат од кревет, што самото по себе влече низа здравствени проблеми.

Дури и ако сега не забележите, несаканите ефекти од ваквиот вид работа можат да бидат трајни и да се јават подоцна во животот.

Експертите велат дека без разлика на тоа дали имате можност да избегнете работа од кревет или не, тоа секако не е добро за телото бидејќи е многу важно да ја менувате положбата.

Вратот, грбот и колковите се оптоварени кога се на помека површина. Поголема е веројатноста младите луѓе да станат жртви на ваквите навики бидејќи нема веднаш да ги почувствуваат последиците.

Во зависност од тоа каков стил на живеење сте воделе зависи и колкава ќе биде штетата кога ќе остарите. Тие болести можат да вклучат само главоболки, но можат да се прошират и на трајна вкочанетост во грбот, артритис, болки во коските и мускулите во вратот.

Кога работите година дена од кревет не го уништувате само телото, тоа негативно влијае и на продуктивноста и навиките на спиење.

„Ние обично препорачуваме креветот да го користите за три работи – спиење, секс и кога сте болни. И  тоа е тоа“, вели Рејчел Салас, невролог и експерт за спиење од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд. „Колку повеќе гледате телевизија, играте видеоигри, а помалку спиете, вашиот мозок учи дека е во ред да ја правите која било активност во кревет“, додава таа.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе