Викендов почнува нова сезона на Серија А во која титулата ќе ја брани Јувентус, клуб што владее веќе седум години.
Секако, во италијанската лига голем акцент се става на тренерот на екипата, што значи дека тренерите се многу добро платени.
Додека Кристијано Роналдо е убедливо најплатен меѓу фудбалерите (31 милион евра по сезона), меѓу тренерите таа титула ја има неговиот нов стратег – Масимилијано Алегри. Тој годишно заработува 7,5 милиони евра.
По него следи Карло Анчелоти кој од летово е тренер на Наполи и за тоа ќе добива плата од 6 милиони евра, а тројката најплатени тренери ја заокружува Лучијано Спалети од Интер со плата од 4,5 милиони евра.
Распоред за 1 коло од Серија А
Сабота (18 август)
18:00 Киево-Јувентус
20:30 Лацио-Наполи
Недела (19 август)
18:00 Торино-Рома
20:30 Болоња-СПАЛ
20:30 Емполи-Калјари
20:30 Милан-Џенова
20:30 Парма-Удинезе
20:30 Сампдорија-Фиорентина
20:30 Сасуоло-Интер
Понеделник (20 август)
20:30 Аталанта-Фросиноне