Кои се најпребаруваните уметници во светот?

Пандемијата со COVID-19 направи многу од музеите и галериите да бидат затворени, а љубителите на уметноста да ги задоволуваат своите апетити единствено преку интернетот.

Една година по локдаунот во Европа, сѐ уште многу музеи и галерии се затворени. Некои еден период се отворија, но како доаѓа нов вирусен бран, повторно се затвораат.

Тоа ги приморува луѓето да се свртат кон онлајн уметноста и виртуелните прошетки по музеите и галериите. Таквата прилика, донесе одлична шанса да се истражи кои се најпопуларните уметници во секоја земја од светот, а и севкупно и тоа со помош на статистиката за пребарување на Google.

Убедливо на светско ниво води Леонардо да Винчи кој е најпребаруван во дури 82 земји. Најпознат по сликите „Тајната вечера“ и „Мона Лиза“, кои можат да се најдат во Санта Марија деле Грацие црквата во Милано и музејот Лувр во Париз, сепак се поставува прашањето дали Да Винчи е толку популарен поради уметноста или поради фактот што е и доста познат како пронаоѓач.

На второто место на светски рамки е мексиканската сликарка Фрида Кало, позната во автопортретите, која е малку пред уште еден сликар, холандскиот постимпресионист Винсент ван Гог.

Топ 7 најпребарувани во светот:

  1. Леонардо да Винчи - 82 (држави)
  2. Фрида Кало - 29
  3. Винсент ван Гог - 24
  4. Артемизија Џентилески - 23
  5. Пабло Пикасо - 18
  6. Банкси - 14
  7. Диего Веласкес - 2

(Секоја слика со клик на неа е достапна во многу поголема верзија.)

Ако пребарувањето го поделиме по континенти, тогаш во Европа води Да Винчи пред Банкси и Кало. Интересно, Да Винчи не е најпребаруван во својата родна Италија, но затоа е кај нас и речиси на цел Балкан.

И во Африка прв е Да Винчи, но таму втор е Пикасо, а трет Ван Гог.

Во Северна Америка и Карибите редоследот е Да Винчи, Кало, Џентилески.

Единствениот континент каде не води Да Винчи е Јужна Америка каде жителите на најмногу држави ја пребарувале италијанската барокна сликарка Џентилески. Зад неа се Кало и Да Винчи.

Во Азија приматот го има Да Винчи, зад него е Ван Гог, а трет е Банкси.

И во Океанија: Да Винчи, Џентилески, па Кало.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе