Повеќе од една година по смртта на суперѕвездата Принс, познато е кој ќе го наследи неговото огромно богатство.
Пејачот почина во април, 2016 година во неговиот комплек Пејсли Парк од прекумерна доза лек против болка „фентанил“. Тој не остави тестамент и немаше деца.
Сега неговата сестра и петте полубраќа и полусестри се прогласени за негови наследници.
Богатството на Принс се проценува на околу 200 милиони долари, но даноците најверојатно ќе одземат околу половина од таа сума.
Во долгата правна битка околу 45 луѓе се бореа за дел од наследството, вклучувајќи затвореник од Колорадо кој тврдеше дека му е син на Принс.
Наследството на музичарот се состои од пари, имот и права на неговата музика.