Кој од „Friends“ заработил најмногу?

Хумористичната серија „Friends“ се прослави низ целиот свет, па денес, впечатокот говори дека нема човек на ова поднебје кој не ги знае Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и женкарот Џои.

ТВ-серијата се прикажуваше 10 сезони и заврши пред 16 години, па многумина ги интересира – кој од шестмината глумци во главните улоги (Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу и Мет ле Бланк), заработил најмногу? Во првата сезона, тие земале хонорар од 22.000 долари за една епизода, но веќе за втората, барале и настојувале на 100.000 долари во просек, за на крајот стигаат и до милион долари по епизода.

Освен тоа, серијата сѐ уште заработува од репризирањето, па глумците имаат право на по два насто и од тој колач.

Така, според ранг-листата, Мет (Џои) е шести – со заработени 80 милиони долари од серијата. Над него е Лиза (Фиби), со 90 милиони, а четврти е Дејвид (Рос) со 100 милиони долари.

Второто место го делат Кортни и Метју (Моника и Чендлер), со по 120 милиони долари.

На врвот е, можеби и најпознатата, или барем најзастапената во американскиот и светскиот печат изминативе скоро цели три десетлетија – Џенифер Анистон. Таа само од „Friends“ заработила 300 милиони долари, што, според многумина, беше нејзината отскочна даска во повисоката филмска индустрија.

Специјалната епизода „Friends: The Reunion“, според IMDB се снима, но сѐ уште нема официјален датум на прикажување. Претходните 10 сезони се достапни на стрим-платформата HBO.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе