Кој спорт е идеален за вас според хороскопскиот знак?

А.С.
/ 16.02.2021 / 20:14

Вежбањето ослободува ендорфин и ги намалува хормоните на стрес. Дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажаа студиите.

Квалитетната релаксација е поважна од кога било, со оглед на пандемијата и предизвиците што таа ги носи.

Можеби ѕвездите ќе ви помогнат да ги постигнете вашите фитнес цели. Како што основните карактерни црти на секој хороскопски знак се напишани во ѕвездите, тие може да ви помогнат да ја најдете и идеалната спортска активност од која нема да се откажете.

Наместо да губите време да испробувате спортови што воопшто не ви одговараат, проучете го овој фитнес хороскоп.

Овен

Силниот карактер и натпреварувачкиот дух се само некои од нивните карактеристики. Овните се бестрашни авантуристи, храбри, секогаш подготвени за акција и оптимисти, но кријат и доза на агресија. Токму поради сите овие карактерни црти, спортовите како боксот или која било друга боречка вештина се идеални за нив.

Бик

Биковите се познати по својата издржливост и упорност, а кога станува збор за промени, тие се претпазливи во експресните решенија и повеќе сакаат да се посветат на постепено постигнување на посакуваните резултати. Се надеваме дека веќе имате квалитетни обувки за трчање во вашата колекција, бидејќи токму трчањето е идеалниот спорт за вас.

Близнаци

На непостојаните Близнаци многу брзо им здосадува сè што прават, за нв најголем непријател е монотонијата. Но, за нив е карактеристично што тие најдобро функционираат во тим. Затоа треба да бараат тимски спортови како одбојка, ракомет, фудбал или кошарка.

Рак

Раковите не сакаат да бидат изложени, а уште помалку кога некој јавно ги критикува. Затоа, тие бегаат од групни тренинзи или спортови што вклучуваат натпревари. Тие претпочитаат тренинг во затворен простор, по можност во безбедноста на нивниот дом. Затоа, не е изненадување што овој знак најчесто избира YouTube видеа со инструкции за вежбање во домашни услови.

Лав

За разлика од Раковите, Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и да се натпреваруваат. Тие секогаш бараат нови авантури и предизвици, а нивните главни карактерни црти се бестрашноста и креативноста. Освен спортови како трчање во кои би можеле да се наметнат како најбрзи, тренинзите во кросфит се одличен избор за нив.

Девица

Девиците ја обожаваат дисциплината, затоа ќе се чувствуваат најдобро ако се приклучат на тренинзи со инструктор. Пилатес е одличен избор, а за оние кои бараат повеќе предизвици, приватните вежби во теретана би биле идеални.

Вага

Вечната потрага по рамнотежа е специфична за овој хороскопски знак. Претпоставувате, јогата е идеална за нив.

Скорпија

Храбри, тврдоглави и упорни. За да бидат целосно задоволни, припадниците на овој знак треба да тренираат спортови кои секогаш им поставуваат нови предизвици, како што се боречки вештини и адреналински спортови, а може да бидат воодушевени и од танцување на шипка.

Стрелец

Тие сакаат да патуваат и да поминуваат време на свеж воздух. Затоа пешачењето, скијањето или возењето велосипед се најдобрите форми на вежбање за овој хороскопски знак.

Јарец

Нивната челична волја и фокус на постигнување резултати ќе бидат најизразени за време на тренинг со висок интензитет.

Водолија

Сакаат да бидат опкружени со луѓе, па не е изненадувачки што единственото нешто што го очекуваат од вежбањето е дружење и создавање нови пријателства. Затоа, каква и да е групна физичка активност е прекрасно искуство за нив.

Риби

Припадниците на овој знак се вистински „зависници“ од вода, па пливањето е совршен спорт за нив. Но, ако им здодее тоа, нема да погрешат со јогата, која ќе ги окупира психички и физички и ќе ги зајакне нивниот ум и тело.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе