Која е Никол Ари Паркер, новата четврта пријателка во „Sex and the City“?

„Тие се како сите различни гласови во твојата глава“, вели Никол Ари Паркер зa Кери, Миранда, Шарлот и Саманта, квартетот њујорчанки кои ја направија серијата „Sex and the City“ задолжително ТВ-четиво во 90-тите и останаа речиси културни мерила, 20 години откако ги нема на малите екрани.

За разлика од повеќето фанови на серијата, Паркер, која се придружува на актерската екипа во серијата што ќе биде продолжение на „Sex and the City“ и која се очекува со големо нетрпение, вели дека никогаш не се поврзувала особено со една од оригиналните четири пријателки.

„Сум била секоја од нив во различни фази од мојот живот“, вели актерката. „Понекогаш сите одеднаш!“

Нема ни да ја „повлечете за јазик“ дали нејзиниот лик во „And Just Like That“ би можел да ја пополни огромната празнина што ја остави Саманта Џонс, откако Ким Катрал одлучи да не се врати уште еднаш во улогата на ненаситната ПР-кралица со незаменливи ударни реплики со задолжителни сексуални алудирања.

„Се заколнав на тајност!“, инсистира Паркер во нтервјуто за Vogue. „Не можам да кажам премногу“.

Она што ќе го каже е дека гардеробата на Лajза Тод Вексли е „неверојатна“. „Дури и долната облека ми беше прекрасна“, воздивнува таа. Навистина, Паркер беше забележана за време на снимањето во пар сандали на Saint Laurent со ремчиња во боите на виножито, кои Кери Бредшо секако би ги одобрила, како и Safari Essential Kit од колекцијата есен/зима 2021 на Moschino.

Според Паркер, митологијата што се изгради околу одделот за костими на серијата е оправдана.

„Баш е како што го замислувате“, потврдува таа. „Рафтови и полици за облека со вашето име; чевли и уште чевли, а телефоните ѕвонат [имитира асистент]: ‘Кажете му на Louboutin дека ни треба величина 39,5!’ Сѐ е најдоброто од најдоброто, фантастична облека, а откако ќе ја облечете станува дел од вас: ‘Да, вака се облекувам во вторник преку ден и одам да си го земам детето од училиште.’“

„Мојот лик има прекрасен вкус за накит“, вели Паркер, фотографирана на Менхетен додека се снимаше „And Just Like That“. Паркер инсистира на тоа дека е невозможно да избере омилена комбинација од гардеробата на Вексли, но признава дека слабоста на оваа моќна жена од Парк Авенија кон накитот била еден од најпријатните делови од играњето на ликот.

„Мојот лик има прекрасен вкус за накит - и чанти! Моли [Роџерс, костимографка на серијата] навистина заврши одлична работа со тие работи – со додатоците.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HBO Max (@hbomax)

Да се ​​биде дел од серија што ги става жените во центар на нивните светови било неповторливо искуство за 51-годишната актерка, која се сеќава на „неверојатната енергија“ околу Њујорк додека се одвиваше снимањето.

„Мислам дека доловувањето на овие ликови во следното поглавје од нивните животи е фантастично, бидејќи ги отфрла сите оние несвесни митови што ги имаме“, вели таа. „Луѓето сè уште имаат секс, сè уште имаат нервни сломови, сè уште се опоравуваат, сè уште се заљубуваат, сѐ уште почнуваат од почеток, сѐ уште се воскреснуваат... Ништо од тоа никогаш не запира во реалниот живот, и сите го знаат тоа. Но, некако на ТВ и во филм тоа се случува. Така, And Just Like That е вистинско освежување“.

Таа зборуваше и за внесувањето диверзитет во серијата чии оригинални епизоди (и последователни филмови) беа многу критикувани по тие прашања.

„Мило ми е што сценаристите и продуцентите и Сара Џесика Паркер сакаа да ја направат таа промена и сакаа да го направат тоа правилно“, вели Паркер сега.

„Серијата сега навистина го отсликува градот. Тоа е Њујорк, знаете?“

Иако недостигот на диверзитет бил „многу очигледен“ за Паркер уште кога ја гледала серијата како обожавателка, таа вели дека никогаш не влегла во серијата за да го исправи тоа за себе.

„Влегов во серијата за она што таа го претставува“.

„Иако“, додава таа, смеејќи се, „Ми беше жал за нив бидејќи немаа црни другарки“.

Remote video URL
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе