Која исхрана може да им помогне на мажите со еректилна дисфункција?

Еректилната дисфункција е проблем со кој се соочуваат многу мажи, а според студија од Масачусетс, се предвидува дека до 2025 година овој проблем ќе го имаат дури 322 милиони мажи низ светот.

Претходно се сметаше дека психолошките проблеми се главна причина за овој најчест сексуален проблем, но сега научниците знаат дека тоа е претежно васкуларно нарушување. Според студија претставена во 2021 година на Конгресот на Европското кардиолошко здружение, начинот на исхрана може да им помогне на мажите со еректилна дисфункција. Станува збор за медитеранската исхрана.

Коавтор на студијата е д-р Атанасиос Ангелис од Универзитетот во Атина кој вели дека најдобриот начин мажите да ја одржат еректилната способност е да се грижат за здравјето и да внимаваат што јадат. Смета дека медитеранската исхрана е одличен избор за тоа.

Во спроведената студија на 250 мажи на просечна возраст од 56 години е утврдено дека мажите кои се исхранувале со медитеранска исхрана имале повисоко ниво на тестостерон, подобри еректилни перформанси, поголем коронарен проток и поздрави артерии.

„Медитеранската исхрана е корисна и за васкуларна а физиологија и за нивото на хормони“, вели Ангелис.

Тој додава дека медитеранскиот начин на исхрана може да ја подобри кондицијата и еректилните перформанси така што ќе ја подобри функцијата на крвните садови и ќе го ограничи падот на тестостерони кој се јавува во средните години.

Овој начин на исхрана е застапен во Грција, Италија, Франција, Шпанија и други земји, а подразбира внесување здрави масти од маслиново масло, јадење зеленчук, овошје, мешунки, интегрални житарки, јаткасти плодови, зачини, риба и морски плодови, млечни производи, додека црвено месо и благо се консумираат повремено.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе