Колку луѓе се родени на 29 февруари?

29 февруари е 60-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар, само во престапна година како што е 2024. Остануваат 306 денови до крајот на годината.

Шансите некој да се роди на 29-ти февруари се 1 наспрема 1.461. Овие шанси се менуваат во зависност од различни фактори. Според статистиките, 1 на секој 5-милионити човек е роден токму на овој ден. Но, тие најчесто кажуваат дека нивниот роденден им носи повеќе маки одошто радости бидејќи често имаат проблем со администрација и документи.

Околу 0,27 отсто од светската популација го слави својот роденден денеска, 29 февруари.

Иако ова може да изгледа како мал број, ако ја земеме предвид глобалната популација од околу осум милијарди луѓе, тоа значи дека сè уште има прилично голем број луѓе кои го имаат овој редок датум на раѓање - околу 21,5 милиони од нив.

Роденденот на 29 февруари носи и посебни предизвици, како на пример со осигурувањето. Осигурителните компании, банките и другите поголеми организации не го признаваат 29 февруари како законски валиден датум на раѓање. Родените на 29 февруари треба да изберат помеѓу 28 февруари или 1 март, пренесува CBC.

Многу веб-страници и разни електронски услуги воопшто не го нудат 29 февруари како датум на раѓање.

Редакцијата на Kajgana.com побара информација од Државниот завод за статистика за тоа колку граѓани на Македонија се родени на 29 февруари, меѓутоа оттаму добивме одговор дека „не располагаат со таква информација по датум“.

Славни луѓе родени на 29 февруари:

1468 Павле III — последниот папа од ренесансниот период.

1792 Џоакино Росини — истакнат италијански оперски композитор.

1784 Лео фон Кленце — прочуен германски неокласичен архитект.

1820 Луис Свифт — американски астроном, откривач на многу комети и маглини.

1940 Вартоломеј I — Цариградски патријарх.

1920 Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ.

1980 Рубен Плаза — шпански велосипедист.

2000 Феран Торес — шпански фудбалер.

Ако сте Вие родени на 29 февруари, споделете со нас кои се вашите најголеми предизвици поврзани со датумот на раѓање.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе