Конечно решена мистеријата за поларната светлина

Поларната светлина е природна појава на светлина на небото особено во поларните региони. Позната е и како поларна аурора. Група физичари од Универзитетот во Ајова тврдат дека ја решиле мистеријата за поларната светлина.

Студијаta Auroral Electron Acceleration, објавена во Nature Communications, покажа дека најсјајните аурори се произведени од електромагнетни бранови во текот на геомагнетни бури. Резултатите покажуваат дека Алфвеновите бранови ги забрзуваат електроните кон Земјата, предизвикувајќи производство на светлосни снопови од кои запира здивот.

„Мерењата открија дека електроните се изложени на резонантно забрзување на електричното поле на Алфвенови бранови, слично на сурфер којшто фаќа бран и постојано забрзува за да се движи заедно со бранот“, изјави Грег Ховс, вонреден професор на Одделението за физика и астрономија на Универзитетот во Ајова.

Теоријата дека електроните кои „сурфаат“ по електрично поле предизвикувајќи го феноменот на поларна светлина за првпат е претставен во 1946 година од рускиот физичар Лав Ландау, а неговата теорија сега е потврдена.

За да го докажат ова, научниците ја симулирале поларната светлина во лабораторија, во голем уред за плазма.

„Ги лансиравме Алфвеновите бранови низ машина, слично како да тресеме црево горе-долу и набљудувавме како бранот минува низ цревото“, вели Ховс.

Од НАСА сметаат дека оваа студија е потенцијално корисна за идните истражувања.

„Механизмот за забрзување електрони, верификуван со овој проект, делува и на други места во Сончевиот систем така што ќе најде голема примена во вселенската физика“, изјави Патрик Коен, научник од Одделението за хелиофизика на НАСА.

 

реклама

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе