Конечно забележан исклучително реткиот Chrysler Thunderbolt од 1941 година

Сегашната понуда на Chrysler од само два модела, 300 и Pacific, во најмала рака е тажна. Но, не беше секогаш така. Пред многу децении Chrysler беше еден од водечките американски производители на луксузни автомобили и продаваше некои од најубавите автомобили во светот. Некои беа многу пред своето време, како овој иновативен Thunderbolt.

Американската компанија исто така одигра значајна улога во создавањето на пазарот за „muscle“ автомобили со раната серија 300 „letter“, како и лансирањето на првиот сериски автомобил со доминантна аеродинамичка линија - Airflow. Вториот пристигна во 1934 година, само неколку години пред Chrysler да го лансира својот прв концепт автомобил, Thunderbolt.

Идејата за Thunderbolt се родила во 1939 година кога надежниот млад дизајнер по име Алекс Тремулис (подоцна познат како дизајнерот на моделите Tucker Torpedo и Subaru BRAT) му претставил неколку скици на Ралф Робертс, извршен директор на американскиот производител на каросерии LeBaron. Импресиониран од футуристичкиот дизајн на Тремулис, Робертс организирал состанок со директорите на Chrysler, Дејв Валенс и К.Т. Келер, и добил средства за концепт на автомобил базиран на шасијата Crown Imperial.

Речиси целосно направен од алуминиум, Thunderbolt изгледаше поинаку од сѐ што во тоа време произведуваше Chrysler. Беше аеродинамичен, но ги немаше елегантните линии на Airflow и споделуваше повеќе стилски знаци со европските спортски автомобили отколку со американските возила. Користеше и скриени фарови и покриени тркала, карактеристики што претходно беа видени само на Cord 810 од 1936 година и предна табла без решетка за ладилникот - нешто што денес е карактеристично за електричните автомобили.

Chrysler и LeBaron го опремија Thunderbolt со иновативна електроника, вклучително и едноделен тврд покрив кој исчезнуваше во едно парче под капакот на задниот багажник благодарение на сложениот електро-хидрауличен механизам кој функционираше со едноставно движење на прекинувачот. Thunderbolt исто така беше првиот автомобил со закривена шофершајбна, карактеристика што не се појави на сериските автомобили до крајот на 40-тите.

Откриен на саемот за автомобили во Њујорк во 1940 година, а потоа и на серијата автомобилски паради низ САД, Thunderbolt ја напушти работилницата на LeBaron официјално како концепт со прилично конвенционална линија со 8 цилиндри и 5,3-литарски мотор. Тој мотор развиваше 140 КС и 346 Nm вртежен момент, а се инсталираше и во друг модел на Chrysler, Imperial.

Вкупно 5 автомобили ја напуштија фабриката, иако некои извори тврдат дека направени биле 6.

„The Copper Car“ - наречен така поради бакарните браници и страничните панели, е несомнено најпознатиот. Обновен во фабрички изданија, тој е единствениот преживеан примерок со работен механизам за фарови.

Вториот Thunderbolt беше направен во црвена боја со сребрен покрив и двапати менуваше сопственик во 2000-тите за повеќе од 1 милион долари. Третиот е црна верзија во приватна колекција, а четвртиот е сив автомобил кој помина многу години во музејот „Волтер П. Крајслер“ сѐ додека не се затвори во 2016 година. На петтиот примерок му се изгубени сите траги.

Овие екстремно ретки модели на Chrysler ретко ги напуштаат своите гаражи, но сивиот примерот неодамна се појави на автосемот „EyesOn Design 2023“. Иако не е толку спектакуларен како „The Copper Car“, тоа е ретка глетка и докажува дека со правилно одржување детроисткиот метал е бесмртен.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Концепти

G класата на Mansory ќе ги плаши децата за Halloween

Read more

Рестомодот Porsche 911 од серијата 964 чини 1,14 милиони евра

Read more

Volkhart V2 Sagitta од 1947: Побрз од куршум и поаеродинамичен од Golf 7

Read more

Розев BMW M4 Competition доаѓа од работилницата на DarwinPRO Aerodynamics

Read more
 

Автомобили

Дали правилно го подготвивте вашиот автомобил за зимата?

Читај повеќе

Конечно пристигна моќниот Cybertruck на Tesla

Читај повеќе
  • filter

Кои се финалистите во изборот за Автомобил на годината 2024?

Читај повеќе

Шоферска дилема: Класични зимски или универзални гуми?

Читај повеќе

Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Dacia Duster изгледа подобро од кога било

Читај повеќе

Цената на литиумот падна за 75%, а електричните автомобили сѐ уште се прескапи

Читај повеќе
  • play_arrow

Како електричниот Mercedes G Class врти во место?

Читај повеќе

Србија ги легализираше „автомобилите без возачи“

Читај повеќе