Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Технологијата зад извонредната функционалност на возилото се заснова на модуларна EV платформа, роботска архитектура на нозете со 5 степени на слобода на движење и погонски мотори сместени во главите на тркалата.

Една од поинтересните вести од светот на електромобилноста деновиве доаѓа од Јужна Кореја и вели дека „првиот електричен автомобил што оди“ наскоро би можел да се најде во сообраќајот. Станува збор за концептот Elevate од компанијата Hyundai, претставен во 2019 година, на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас.

Револуционерното возило, кое го развија специјалистите на компанијата Sundberg-Ferar од Мичиген, покрај традиционалниот начин на движење - на тркала, буквално може да оди и на четири нозе.

Ова се должи на сложениот систем на електро-механички споеви, на чии краеви има тркала, кои му овозможуваат на Elevate да се качува по скали или стрмни карпести терени (каде што нормалното теренско возило не би можело да помине), да се движи по вода издигнат над неа, па дури и да прескокнува одредени објекти.

На овогодинешниот CES повторно беше претставено функционално возило со роботски „нозе од скакулец“, класифицирано како Ultimate Mobility Vehicle (UMV).

Remote video URL

За развојот – од идеја до прототип – најзаслужен е потпретседателот на Hyundai, Џон Су, кој го опишува Elevate како „првиот автомобил од класата трансформер во светот“. Лиценците за патент за него беа добиени во САД минатата година, што сугерира дека Hyundai навистина има намера да го направи Elevante „вистински“ производ.

Иновативното електрично возило може да биде од голема корист во најразновидните замисливи и незамисливи ситуации. Су истакнува дека Hyundai Elevate, на пример, би можел да им овозможат на хендикепираните лица ширум светот лесен пристап до влезните врати на зградите, за нивните инвалидски колички веднаш да влезат во објектот. Исто така, благодарение на своите роботски нозе, Elevante може да им обезбеди на спасувачките тимови пристап до загрозените области во најразновидните ситуации предизвикани од различни катастрофи.

„Кога цунами или земјотрес ќе погоди област, сегашните спасувачки возила можат да достават прва помош само до работ од каде што почнуваат урнатините“, рече првиот човек на овој проект. „Elevate може да вози веднаш до местото на настанот и да се искачи над остатоците од поплавите или срушените бетонски ѕидови“.

Затоа, возилото е многу погодно за најразновидни работи кои вклучуваат движење на тешко пристапни непристапни терени, па освен за зони на катастрофи, може да се користи и за истражување на непристапни планински и шумски области.

Роботот такси Cruise Origin, без „нозе“, на General Motors послужил како основа за Hyundai Elevate, со тоа што јужнокорејското издание нема волан и педали. Тоа е голема патничка кабина во која патниците седат еден спроти друг.

„Нозете“ се преклопуваат кога Elevate е во „нормален“ режим на возење, што значи дека Hyundai Elevate е целосно способен да вози по градските улици и автопати како и секој друг автомобил. Но, она што другите не можат да го направат е потоа да се качат на ѕид или друга пречка висока 1,5 метри, да преминат празнина широка 1,5 метри или да се искачат на тежок стрмен терен, додека патниците во кабината седат на рамно.

Тагови
реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Read more

Концепти

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Read more

Toyota има интересен RAV4, но е само концепт

Read more

Renault Estafette Concept е компактно и пространо електрично комбе за урбана употреба

Read more

Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Read more
 

Автомобили

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Читај повеќе

Porsche 912c Targa на KAMM е полесен од Smart ForTwo

Читај повеќе

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе
  • filter

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Читај повеќе
  • filter

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Читај повеќе

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Читај повеќе

Каде во Европа се возат најстари возила?

Читај повеќе

Tesla им го предаде престолот на Кинезите

Читај повеќе

Во кој европски град најмногу се заглавува во сообраќај?

Читај повеќе