Голем гест во овие тешки времиња за автомобилската индустрија.
Германскиот производител на автомобили Daimler најави дека на своите вработени во Германија ќе им исплати по 1.000 евра „корона бонус“, со цел да го надомести нивниот личен и економски товар затоа што мораат да носат заштитни маски и да работат од дома, пренесува Reuters.
„Поради короната, 2020 беше година на посебни предизвици. За време на овие исклучителни денови, компанијата секогаш беше во можност да смета на флексибилноста и подготвеноста на својата работна сила“, стои во соопштението на шефот на Одделението за човечки ресурси на Daimler, Вилифред Порт.
Околу 160.000 вработени во Германија ќе добијат бонус од компанијата со седиште во Штутгарт, која го произведува брендот Mercedes-Benz.