ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2023

Кошаркарите убедливо поразени, но се пласираа понатаму

Велеа дека нема опуштање и дека ќе се оди на победа, но од тоа не видовме ништо. Аутсајдерот Словачка забележа убедлива победа среде Скопје и заедно со нашите репрезентативци обезбеди пласман во мундијалските квалификации.

Македонската кошаркарска репрезентација со една нога имаше обезбедено пласман во квалификации, а за да испаднеше требаше да загуби со 20 поени разлика. За малку тоа и ќе се случеше.

Откако на полувреме Словаците заминаа со +6, во третата четвртина направија разлика од 15 поени, за во последниот дел едно време да поведат и со 21 поен разлика.

За среќа во завршницата нашите кошаркари го намалија водството и се изборија за подостоен пораз од 72:88.

Најдобар на паркетот беше Владимир Броѕианскиј кој запиша дабл-дабл со 17 поени и 10 скокови, додека најефикасен беше Михаел Фусек со 23 поени. Во нашиот табор најмногу поени, 17, постигна Кристијан Николов, 16 запиша Адем Мекиќ, 15 Бојан Крстевски, а 14 Џејкоб Вајли.

Со ваквиот расплет Македонија и Словачка патуваат во квалификациите, додека Швајцарија извиси. Сите три репрезентации завршија со идентичен скор, па решаваше кош-разликата.

Конечна табела:

  1. Македонија 2-2 270:263
  2. Словачка 2-2 259:262
  3. Швајцарија 2-2 249:253

Квалификациите ќе почнат во ноември.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кошарка

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Read more

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе