Косово не ѝ дозволи на Црвена звезда да игра фудбал во Косовска Митровица

Фудбалерите на српскиот шампион останаа на границата откако косовските власти не ја испочитуваа одлуката на ФИФА и забранија влез на Косово каде денеска требаше да се игра куп натпревар.

Во рамките на шеснаестинафиналето од Купот на Србија, Црвена звезда се падна да игра против Трепча од Косовска Митровица и денес од 14 часот требаше да гостува таму. Но, на клупскиот автобус не му беше дозволено да влезе во Косово.

„Дојдовме да играме фудбал, да се бавиме со спорт, но тоа ни е забрането. И покрај препораките на ФИФА натпреварот помеѓу Трепча и Црвена звезда да се одигра во Косовска Митровица, косовските институции останаа неми на таа препорака. Кога дојдовме на границата ни пријде косовска полиција и ни кажа дека ни е забранет влез на Косово. Ни рекоа дека тоа е одлука на владата на Косово“, изјави генералниот директор Звездан Терзиќ.

„Косовските институции покажаа дека сето она што го прават е само фарса и дека нивните апели за раздвојување на спортот и политиката, на чија основа бараа и прием во ФИФА, се само лаги. Добивме допис од ФИФА во кој тие ѝ наложуваат на Фудбалската федерација на Косово натпреварот да се одигра во Косовска Митровица. Не баравме ништо поинаку од вообичаеното бидејќи Трепча своите натпревари ги игра таму и не постои причина денешниот натпревар да не се игра на тоа место“, заврши тој.

Трепча е клуб од северниот дел на поделениот град, а настапува во четвртата лига на Србија. Не е единствен пример каде клубови од една држава играат преку граница во соседна држава. Најдобар пример се велшките клубови Кардиф и Свонси кои играат во англиската Премиер Лига. Најдобриот клуб од Сан Марино, со истото име, игра во Италија. Вадуц од Лихтенштајн настапува во Швајцарија, додека и Андора им аклуб во шпанската трета лига. канадските Торонто, Монтреал Импакт и Ванкувер Вајткепс играа во МЛС лигата на САД.

реклама

Фудбал

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе