Ковачевски се изјасни за наводната оставка

Шпекулациите дека премиерот Димитар Ковачевски поднел оставка во јавноста протекоа уште во текот на вчерашниот ден.

Низ политичките кругови се зборуваше дека Ковачевски оставката ја доставил до Собранието, но истата не му била прифатена од собранискиот спикер, Талат Џафери. Освен за оставка од премиерската функција се зборуваше и за негово повлекување од претседателската функција во СДСМ.

Макфакс уште синоќа го праша премиерот дали оваа информација е точна, но тој негираше.

„Не е точно“, одговори кусо Ковачевски за Макфакс.

Засега во јавонста нема ни документ со кој може да се потврди точноста на овие информации, а по негирањето на Ковачевски.

Еден ден по шпекулациите во политичките колуари, информацијата за наводна оставка ја повтори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика, да се тргнам и да се спасам на време. Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите“, рече Мицкоски.

Досега ниту Собранието, а ниту СДСМ нема став за ваквите тврдења.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе