ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Крај на една ера: По 11 години Шмајхел си замина од Лестер, ќе брани за Ница

Филип Здравески
/ 04.08.2022 / 11:46

Данскиот репрезентативен голман после цели 11 години минати на голот на премиерлигашот Лестер одлучи да си заминe, а се пресели во францускиот лигаш Ница.

Како гром од ведrо небо одекна веста дека Каспер Шмајхел nе е повеќе голман на Лестер. Данецот, кој изминатава деценија се прослави како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, одлучи дека на свои 35 години е време да искуси нешто ново.

URL

Шмајхел дојде во Лестер летото 2011 година од редовите на Лидс Јунајтед. Тогаш Лестер беше во Чемпионшип, каде Шмајхел бранеше во наредните 3 сезони пред пласманот во Премиер лигата. Во сезоната 2015/2016 брилјираше на голот на „Лисиците“ кога на изненадување на сите Лестер ја освои титулата во Премиер лигата и се избори за настап во Лигата на шампионите.

Данската единица стана и капитен на Лестер, а следуваа уште две титули: ФА купот во 2021 и Комјунити шилд истата година. За Лестер одигра вкупно 479 натпревари во сите натпреварувања, со што се запиша во клупската историја како трет на вечната листа по број на настапи.

Лестер нема донесено нов голман, всушност, летово нема донесено ниту едно засилување. Од почит кон сето она што Каспер го има направено за клубот му беше дозволено да си замине на само 4 дена пред првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата (недела против Брентфорд). Лестер моментално има два голмана и тоа 29-годишниот Велшанец Дани Вард и 25-годишниот сонародник на Шмајхел, Даниел Иверсен. Вард му беше резерва на Шмајхел и собра само 3 настапи во Премиер лигата, додека Иверсен нема ниту еден во англиската елита.

URL

Шмајхел за Ница потпиша до јуни 2025 година, а францускиот клуб на Лестер ќе му плати отштета од само 1 милион евра. Ова е прв пат Шмајхел да го напушти Островот со оглед на тоа што таму е од 2002 година кога како 16-годишник дојде во Манчестер Сити. Играше на позајмици во Дарлингтон, Бури, Фалкирк, Кардиф, Ковентри, а потоа една сезона за Нотс Каунти пред да замине во Лидс. Роден е во Копенхаген и е син на славниот Петер Шмајхер, поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и на данската репрезентација.

URL

За Данска има 84 натпревари и ќе брани на претстојниот Мундијал во Катар.

Најдобриот во редовите на Лестер, голгетерот Џејми Варди, на социјалните мрежи се поздрави од својот капитен чија лента се очекува токму тој да ја наследи: „Каспер, ми беше задоволство другар. Сѐ најдобро“.

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе