Крмов: Ќе го блокираме секој закон од бенефит на урбаната мафија

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов, најави дека неговата партија ќе го блокира секој закон кој според нив носи бенефит за урбаната мафија на сметка на граѓаните.

„Пратениците на Левица поднесоа вкупно 1.230 амандмани на предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање, кој што е многу контроверзен закон. Имено, само до пред година дена беше донесен нов Закон за урбанистичко планирање и сега одеднаш се јави нова потреба за измени, што е многу сомнително“, рече Крмов на прес-конференција која ја одржа по повод вчерашното блокирањето на предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање кога неговиот сопартиец Димитар Апасиев со долг говор направи филибастеринг.

„Најголем дел од стручната јавност се сомнева дека тука се работи за олеснета легализација за парцелата кај 'Холидеј Ин', кадешто главниот проблем е усогласување на ДУП со ГУП, т.е. Деталниот урбанистички план со Главниот урбанистички план и меѓу другото, еден од најбитните работи во овој закон е Членот 35 којшто е изменет и сега дозволува тие два плана да не се усогласени, каде што претходно не беше случај“, додаде тој.

Порача и дека само во последните две децении 145 пати се изменувани законите кои што имаат некаква врска со урбанизам и секогаш во штета на граѓаните и на бенефит на урбаната мафија.

Remote video URL
реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе