АФЕРИТЕ ШТО ГО ТРЕСЕЛЕ БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО

Крушата под круша паѓа: Љубовниците на принцовите Филип, Чарлс и Вилијам

Принцот Филип живееше со неа, Чарлс се ожени со неговата, а Вилијам ја донесе во комшии.

Додека целиот свет се прашува каде исчезна Кејт Мидлтон, гласините за развод од Вилијам се сè погласни.

Кејт Мидлтон исчезна од очите на јавноста. Од неа нема ни трага ни глас од јануари годинава, а нејзиното „исчезнување“ многумина го поврзуваат со принцот Вилијам и сомнежот паѓа врз него.

Неверство, брачни несогласувања - се шпекулира. Веќе подолго време во јавноста кружи шпекулација за неговата наводна љубовница. Но, тоа не би било чудно, бидејќи сите мажи од кралското семејство ги изневерувале своите сопруги. Да се ​​потсетиме на 3-те најважни љубовници кои за малку ќе го срушеле кралското семејство:

Љубовницата на принцот Филип

Принцот Филип често ја нарекуваше Пени „втората најважна жена“ во неговиот живот, а сè започна затоа што двајцата имаа заедничка љубов кон возењето со кочија. Нивното пријателство траеше со години, а принцот Филип беше покрај Пени дури и кога таа ја загуби ќерката од рак на бубрегот.

Пени беше редовен гостин во Вуд Фарм, каде принцот Филип најчесто престојуваше по повлекувањето од јавниот живот во 2017 година.

Беше толку блиска со Филип, што персоналот ја нарекуваше „Госпоѓица Исто така“, бидејќи „исто така“ беше поканувана на сите семејни настани.

Пени беше една од 30-те луѓе кои присуствуваа на погребот на принцот Филип, но беше присутна и на погребот на кралицата.

Се вели дека принцот Филип ја научил Пени да вози кочија и во таа прилика ѝ се пожалил на својот проблематичен брак.

Пени до неговата смрт беше покрај Филип, на имотот каде што живееше одвоено од кралицата. Така, на смртната постела Пени му била најважната жена во животот.

Сепак, постои и приказна дека принцот Филип за време на својот долг брак ја изневерувал кралицата со повеќе од 12 жени. Изгледа дека за ова била информирана кралицата и дека на оваа информација одговорила: „Мажите секогаш ќе бидат мажи“.

Љубовницата на принцот Чарлс

Камила Паркер Боулс денес е кралица на Велика Британија и оваа информација е толку чудна кога се знае дека таа била озлогласена љубовница која многу влијаела на распадот на бракот меѓу принцот Чарлс и принцезата Дијана.

Кога првпат излезе на виделина веста за нивната афера, Камила се соочи со жестоки критики. На јавноста ѝ требаше време да ја прифати по смртта на Дијана во 1997 година, а кога Камила се омажи за Чарлс во 2005 година, темата за нејзината идна титула беше извор на контроверзии.

Во тоа време, кралските помошници рекоа дека Камила не сака да биде позната како кралица сопруга. Наместо тоа, таа „имаше намера“ во догледно време да биде позната како принцеза консорт - титула што никогаш досега не била користена во историјата на британското кралско семејство.

Но, нејзината трансформација беше толку зачудувачка што сега е една од најпопуларните членови на кралското семејство и полноправна членка на „Фирмата“, како што го нарекуваат британското кралско семејство.

Еве како изгледаше нејзиното патување од љубовница до кралица:

Малку работи ѝ одеа во прилог: не беше убавица во младоста (принцезата Дијана наводно ја споредувала својата ривалка со ротвајлер), секогаш го претпочитала животот на селски имот наместо балови, не сакала да биде модна икона, читала сè освен романси и модни списанија, не сакала да се шминка, а мажите ги освојувала со својот хумор и остриот јазик.

Откако нејзините родители, таткото Брус Шанд, поранешен воен офицер и богат трговец со вино, и мајката Розалинд - членка на високото општество чиј предок Алис Едмонстон била љубовница на британскиот крал Едвард Шести, го организирале балот за дебитантки во Лондон, тогаш 17-годишната Камила имала додворувачи од општествената класа на која и самата припаѓа.

Во детството прекарот ѝ бил „Мила“, била популарна, дружељубива и многу жива.

Кога наполнила шеснаесет години, родителите ја запишале во швајцарски интернат, а потоа отпатувала во Франција за да ги подобри јазичните вештини. Некое време студирала француски јазик и литература, а во раните дваесетти години се вратила во татковината и се вработила во Лондон како секретарка.

За нејзината врска со принцот Чарлс е „виновен“ поло меч во 1970 година, каде што се запознале, како и ненадејниот дожд, поради кој, случајно или не, го побарале истото засолниште. Налутената Камила тогаш на шега го потсетила принцот на нејзиниот предок Алис Едмонстон, а тој бил шармиран. Се забавувале три години, тој двапати неуспешно ја запросил, а кога се приклучил на британската морнарица, таа го оставила бидејќи немала илузии дека нивната врска ќе заврши среќно.

Во истата 1973 година, таа се омажи за Ендрју Паркер-Боулс, офицер во Кралската гарда. Наводно на почетокот ѝ објаснил дека нема да биде единствената во неговиот живот, но и дека ќе ги толерира нејзините дискретни односи со другите. Таквото уредување ѝ одговарало и врската била крунисана со брак. Наводно, идниот крал очајно сакал да се ожени со неа, но на крајот тие ја смириле врската и станале пријатели.

Кога Камила Паркер-Боулс го родила синот Томас во 1974 година, таа го замолила Чарлс да му стане кум на момчето една година подоцна, што тој го прифатил. Четири години подоцна, таа ја роди и ќерката Лаура.

Официјалниот биограф на принцот Чарлс тврди дека тие ја обновиле својата романса во 1986 година, шеснаесет години откако првпат се сретнале. Во бракот со Дијана Спенсер Чарлс се чувствувал како давеник, а Камила никогаш не го преболела. Денес, прекарите што си ги дадоа во фазата на прељуба се дел од урбаната легенда: тој ја нарекуваше Лејдис, а таа го викаше Фред, додека нивното омилено скривалиште наводно беше имотот Бирхал во Шкотска.

Во исто време, на принцезата Дијана ѝ беше сè потешко да се справи со бракот во кој доби сè освен она што секогаш го сакаше - љубов и почит. Откако новинарот Ендрју Мортон ја објави книгата „Дијана: Нејзината приказна“ во 1992 година, а весниците објавија транскрипт од тајно снимен телефонски разговор меѓу Чарлс и Камила со интимни детали од нивната врска, скандалот беше толку голем што принцот и принцезата од Велс набрзо се одвоиија и на маса, и во кревет. Разводот беше финализиран во 1996 година, една година по завршувањето на бракот на Камила и Ендрју Паркер-Боулс.

Вљубените Чарлс и Камила се надеваа дека со текот на времето ќе успеат да ја вратат својата врска, но трагичната несреќа во 1997 година, чија тажна годишнина ќе биде на 31 јули, промени сè. Британија остана без најомилениот член на кралското семејство, принцовите Вилијам и Хари ја загубија мајка си, додека принцот Чарлс и Камила станаа „дежурни виновници“.

Тој мораше да биде неверојатно упорен и мудар за да ја надмине незавидната ситуација: кралското семејство и јавноста беа против врската, а уште помалку за брак, а Англиканската црква отворено го предупреди принцот - кој ќе стане нејзин поглавар кога ќе дојде на престолот - да не ни помисли на свадба со Камила.

Таа, од друга страна, го направи единствениот правилен потег: молчеше додека кралицата Елизабета Втора, по долго убедување од принцот Чарлс, не се согласи да се сретнат на свечена вечера во чест на 60-тиот роденден на поранешниот грчки крал Константин во Хајгров. Пред вечерата, тие имаа краток разговор и им се придружија на гостите - што беше настан за историјата.

Не долго потоа, во септември 2000 година, Камила Паркер-Боулс го придружуваше Чарлс за прв пат на добротворен прием, а во 2001 година, на настан за промовирање на Британското национално здружение за остеопороза (на кое таа е покровител), принцот ја прегрна Камила пред сите и се бакнаа во образ. Тоа беше многу храбар чин со кој на сите им даде до знаење која е најважната жена во неговиот живот. А таа, пак, со тивка дипломатија, постојано присуство без изјави кои би можело да ја налутат кралицата и јавноста, како и непоколебливата поддршка за принцот, доби место на балконот на Бакингемската палата.

Сите велеа дека Камила никогаш нема да стане кралица и дека никогаш нема да биде крунисана, но „тивка вода брег рони“.

Љубовницата на принцот Вилијам

Маркизата Роуз Ханбури е родена во 1984 година и е во брак со Дејвид Роксавиџ, седмиот маркиз од Чолмондели. Двојката се венча во 2009 година, а според странските медиуми нивната љубовна приказна е многу бурна. Само еден ден по свршувачката откриле дека чекаат бебе, а веќе следниот ден се венчале. Сега нивното семејство е побогато за три члена.

Тие живеат на имот во Норфолк, кој е многу блиску до селската куќа на Кејт и Вилијам. Роуз, 39-годишна мајка на три деца, на својот Instagram постојано објавува фотографии од градините и скулптурите на имотот.

Интересно е што Роуз уште од детството се поврзува со кралското семејство. Имено, нејзината баба била една од деверушите на кралицата Елизабета Втора.

Деновиве се шпекулира дека принцот Вилијам бил виден во нејзино друштво, а теоретичарите на заговор отишле дури дотаму што изјавиле дека Роуз е всушност жената која беше снимена од папараците и идентификувана како Кејт.

Треба само да видиме дали крушата под круша паѓа во британското кралско семејство.

реклама

Живот

Мувла може да се појави и на вашите теписи - како да се ослободите?

Read more

Хороскопски знаци што не дозволуваат другите да им го нарушат внатрешниот мир

Read more

Голем неделен хороскоп за секој знак од 7 до 13 октомври

Read more

Дали е безбедно за жените да возат велосипед за време на бременоста?

Read more
 

Магазин

Мувла може да се појави и на вашите теписи - како да се ослободите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ја научите мачката да не турка предмети од маса?

Читај повеќе

Колку сон е премногу: Зошто не треба да претерувате со спиење?

Читај повеќе

Хороскопски знаци што не дозволуваат другите да им го нарушат внатрешниот мир

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело ако консумирате премногу сол?

Читај повеќе

Калиумот е важен за здраво срце: Која храна го содржи?

Читај повеќе

Луѓето кои се задоволни од сексот во врската изневеруваат повеќе

Читај повеќе

Гулаш од вргањ во бешамел сос

Читај повеќе

Дали водата навистина помага при мамурлак?

Читај повеќе