Квинси Промес живееше во луксуз, а заврши во затвор каде секој ден има силувања

Живееше во луксуз, играше фудбал и тргуваше со огромни количества дрога. Откако го фатија, животот му се претвори во пекол.

Поранешниот холандски и европски фудбалски талент, Квинси Промес (32) на почетокот на оваа година беше осуден на шест години затвор поради трговија со дрога. Судот во Амстердам, неговиот роден град, утврди дека поранешниот претставник на таа земја учествувал во увоз и извоз на стотици килограми кокаин во 2020 година. Тој заедно со своите соработници во два наврати од пристаништето Антверпен во Белгија во Холандија превезол вкупно 1.360 килограми кокаин. Таа количина на дрога на црниот пазар вреди повеќе од 76 милиони евра. Биле „фатени“ неговите телефонски повици во кои се открива дека тој е директно вклучен во транспортот на дрогата од пристаништето во Бразил и во нејзиниот понатамошен транспорт од Белгија. По изрекувањето на пресудата, му биле конфискувани девет куќи во Холандија.

Во времето на пресудата, Промес живеел во Москва, каде настапувал за Спартак од 2014 до 2018 година и од 2021 година до минатата зима. На крајот на февруари 2024 година, тој беше приведен на аеродромот Ал-Мактум во Дубаи, под обвинение дека побегнал по сообраќајна несреќа. Неговиот клуб Спартак во тој момент беше на подготовки на Емирати. Иако следниот ден беше ослободен од притвор, му беше наредено да остане во земјата до судењето, а потоа во меѓувреме повторно беше уапсен на 12 март, по официјалното барање од Холандија за негова екстрадиција.

Во моментов тој ја отслужува казната во затворот Ал Авир, за кој холандските медиуми пишуваат дека е ужасно место, каде 20 затвореници се чуваат во ќелии наменети за шест и спијат на под. Новинарот на Black Chronicle и поранешен полицаец, Џон ван ден Хувел, откри дека во тој затвор секојдневно се случуваат сексуални напади, дека има малку чувари и дека престојот во казнено-поправниот дом е непријатен поради прекумерната климатизација.

„Изгледа дека силувањата се случуваат секој ден, бидејќи има малку чувари кои би се грижеле за безбедноста. Затворениците го поминуваат времето во ладна и бучна средина поради засилените климатизери“, објави Холанѓанецот. Затворениците мора да ги почитуваат правилата таму, бидејќи во спротивно се соочуваат со остри казни.

Во такви услови, Промес поднел барање до надлежните органи да биде екстрадиран во Русија, но неизвесно е дали ќе биде одобрено, додека истовремено холандските обвинители се борат да го доведат во родната земја, да одговара за кривично дејствува таму. Освен за трговија со дрога, тој се товари и за напад со нож, бидејќи избодел роднина на забава во јули 2020 година.

Фудбалерот кој некогаш живееше гламурозен живот и објавуваше слики од своето богатство на социјалните мрежи, сега се соочува со многу тешки услови и доколку биде испорачан во Холандија, нема да биде ослободен пред 2030 година.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе